Дали знаете што е тоа алфа родителство?

Застапниците на алфа родителството веруваат дека децата ќе научат сè кога ќе бидат подготвени. А за тоа да се случи, на детето му треба само едно – здрав однос со родителите, односно приврзаност.

1.132

Во последно време еден од најпопуларните методи за воспитување деца е алфа родителството. Еве за што всушност станува збор.

Алфа родителство – три главни факти

Правилата на алфа родителството фундаментално се разликуваат од традиционалните начини на воспитување деца.

Според експертите, на што се учат најчесто децата? На независност. Пред да му изникне првиот заб, детето се запознава со терминот „треба“ – да спие само, да јаде на време, да оди на нокшир, да ја слуша мајка си…
Застапниците на алфа родителството веруваат дека децата ќе научат сè кога ќе бидат подготвени. А за тоа да се случи, на детето му треба само едно – здрав однос со родителите, односно приврзаност.

Алфа родители се оние кои бдеат над детето во секој момент.

Но, не затоа што во семејството владее жестока дисциплина, туку затоа што на толку мало дете родителите му обезбедуваат се што му треба: храна, топлина, заштита, помош, љубов. А детето гледа во нив затоа што се тие гаранција за се. Тоа е нивната приврзаност.
Ако врската помеѓу детето и родителите е силна – нивниот однос добро ќе се развие и детето со леснотија ќе ги исполнува своите обврски. Следбениците на овој систем тврдат дека приврзаноста е она што прави детето лесно да се воспитува.

Секое дете има потреба за поврзување. Ако го нема тоа во семејството, детето ќе го бара од страна.

Недостатокот на поврзаност најчесто се открива на постара возраст, кога сите деца треба да се осамостојат. Доколку овој однос не постои меѓу родителите и детето, возрасните се жалат дека вложиле многу труд во образованието, но дека не успеале да го воспитаат детето на вистински начин.
Сепак, врската е нешто што може да се надомести – доколку е нешто изгубено, може да се врати. Но, колку е постаро детето, толку е потешко да се направи.

Како функционира овој систем на воспитување деца?
Ќе наведеме пет конкретни ситуации и тоа како постапуваат алфа родителите:

  1. Четиригодишно дете одеднаш бара мајка му да го нахрани со лажица.

Родителот прво помислува: каква глупост е ова? Нека јаде сам, веќе е голем.
Како постапува алфа-родителот: нахранете го детето без никакви проблеми. Ако бара нешто, тоа значи дека има причина зошто му треба. Обично, таквите фази на растење се случуваат кога детето треба да се увери во веродостојноста на приврзаноста. Одговарањето на барањата ја зајакнува врската. Ваквиот пристап се протега на различни ситуации: ако детето сака да го носите или сака да оди во кревет со родителите, ако ве замоли да го облечете итн. Еден од принципите на алфа родителството е: не ги брзајте децата да пораснат.

  1. Не му дадовте на детето бонбони и тоа почнува да хистеризира.

Прва реакција: потребна е казна – нека застане во аголот да размисли.
Како постапува алфа родител: Го зема расплаканото дете и го држи додека не се смири. Казните како одење во агол, заклучување во соба, физичко казнување или принудување на детето да седне на стол – се опасни за приврзаноста, таквиот јаз му предизвикува душевна болка на детето. А алфа родителите не се плашат од детските солзи, напротив – сметаат дека е тоа нормален „вентил“.

  1. Мајката бара од детето да ги собере играчките.

Првата реакција: потребно е едноставно да се даде команда – јасно, гласно и по можност три пати.
Како постапува алфа-родителот: седнува со детето, му го привлекува вниманието (со насмевка, гледање во очи итн.) и дури потоа го прашува. Имено, заповедниот тон и повторувањето на командата нема да помогне – детето ќе одбие. Во алфа родителството, ова се нарекува конфронтација и се смета за нормална реакција на притисок.

  1. Детето сака да спие со родителите.

Прва реакција: Да се одбие! Плаче? Ништо, ќе се навикне.
Како постапува алфа-родителот: ставете го детето во кревет со вас. Најчесто така спие од самото раѓање, бидејќи заедничкото спиење (а и носењето во раце, честите прегратки итн.) се смета за еден од важните моменти на формирање приврзаност во алфа-родителството.

  1. Детето наполни една и пол – две години и сега е време да оди во градинка.

На прв поглед: време е за тоа, бидејќи и мама мора да оди на работа.
Како постапува алфа-родителот: го испраќа детето во градинка само ако ситуацијата во семејството е безнадежна. Тој се обидува да го направи тоа што е можно подоцна, не пред третата или четвртата година: ќе му биде потешко да се навикне на тоа, но ќе има помала штета на неговата психа.

Повеќе