Децата кои повеќе личат на татковците отколку на мајките се многу поздрави

Татковците се важни во воспитувањето на детето, а тоа се одразува и на неговото здравје.

2.598

Секој родител првенствено сака неговото дете да биде среќно и здраво, а според новото истражување, бебињата кои повеќе личат на својот татко кога ќе се родат, обично се поздрави од оние кои ги преземаат карактеристиките на нивната мајка. Истражувањето спроведено од Соломон Полачек, истражувачки професор по економија на Универзитетот Бингамтон и Марлон Трејси од Универзитетот во Јужен Илиноис се фокусирале на проучување на 715 семејства,односно деца.

Истражувачите ја анализирале студијата Fragile Families and Child Wellbeing (FFCW) и откриле дека бебињата кои повеќе личат на нивните татковци при раѓањето се всушност поздрави една година подоцна од оние кои повеќе личат на нивните мајки. Како што објави „Your Tango“, студијата исто така сугерира дека татковците кои личат на своите деца поминувале повеќе време со нив во споредба со татковците кои имале помалку сличност со своите деца, во просек два и пол дена повеќе.

Исто така, истражувачите откриле дека децата кои се родени вонбрачно и кои повеќе личат на нивниот татко при раѓање (како што е утврдено од двајцата родители во одделни интервјуа) биле поздрави до навршена една година, од децата кои повеќе личат на нивната мајка. Имено, авторите на студијата тврдат дека татковците кои обично поминуваат повеќе време со децата помагаат на нивната општа благосостојба, вклучувајќи го и здравјето.

„Оние татковци кои ја воочуваат сличноста на бебето со нив се посигурни дека бебето е нивно и затоа поминуваат повеќе време со него“, објаснил д-р Полачек. Татковците се важни во воспитувањето на детето, а тоа се одразува и на неговото здравје.

Еволутивната социобиологија ја поддржува оваа теорија со тоа што покажува дека сличноста татко-дете го поттикнува таткото да инвестира време во дружење и ангажирање со детето. Сепак, во основа немало докази за поддршка на други потенцијални механизми како што се економската грижа на таткото, неговата вклученост во заедничкото родителство и слично.

Повеќе