До 5 години, децата веќе имаат 1.500 фотографии на социјалните мрежи

Во просек, родителот објавува речиси 1.500 фотографии од своето дете на социјалните мрежи пред тоа да наполни пет години.

181

Истражувањето е спроведено меѓу 2.000 родители кои користат социјални мрежи од страна на сајтот Tech Parent Zone од Британија, која се занимава со предизвиците на дигиталната ера.

Посебно е загрижувачки кога ќе се земе предвид дека нешто повеќе од четвртина од родителите имаат поставки за јавен пристап. Тоа значи дека секој може да види што објавува, дури и ако не се пријатели на социјалните мрежи.

Денеска не е невообичаено фотографиите од децата да се објавуваат на интернет уште пред да се родат, а тоа е тренд кој го следат сè поголем број идни родители. Не е невообичаено родителите да креираат профили на Инстаграм и Фејсбук за своите мали деца.

Имајќи ги предвид овие податоци, УНИТАС, меѓународна хуманитарна организација која се занимава со борба против трговијата со луѓе, укажува на потребата да се едуцираат родителите и децата за безбедно и одговорно однесување во виртуелниот свет.

Ризиците од објавување детски фотографии се големи

Иако има варијации во зачестеноста и користењето на Интернет, проблемите и предизвиците се слични насекаде во светот. Ризиците од објавување детски фотографии се големи, бидејќи предаторите на Инстаграм ги демнат сметките на родителите кои имаат такви фотографии.

Сликите на деца преземени од социјалните мрежи на нивните родители сочинуваат дури 50 отсто од материјалот пронајден на сајтовите за педофили во Австралија. Иако самите копирани фотографии не би се сметале за експлоататорски материјал, овие страници често се придружени со коментари во кои детето експлицитно е претставено како сексуален објект.

Фондацијата УНИТАС, која спроведува онлајн обука за безбедност на младите, ги советува родителите да преземат мерки на претпазливост. Сè за да ги заштитите вашите деца од ризиците кои постојат на социјалните мрежи.

Бидејќи нема целосна заштита на податоците на Интернет, треба да избегнувате објавување на името и адресата на вашето дете. Многу е важно да ја исклучите локацијата и да не објавувате слики кои ја покажуваат и јасно ја препознаваат вашата улица. Исто така, областа каде што живеете или училиштето кое го посетува вашето дете.

Поставете ја сметката да биде приватна

Ако сепак одлучите да објавите фотографија од вашето дете, советот е да не се гледа јасно профилот на лицето. Погрижете се да ја поставите вашата сметка да биде приватна, така што само вашите пријатели ќе можат да пристапат до содржината што ја споделувате.

Во исто време, најбезбедно е да имате само луѓе што ги познавате во реалниот живот. Зад виртуелните пријатели можат да се кријат предатори, кои секоја секунда на интернет ги има повеќе од 750.000. Тие многу лесно наоѓаат можни жртви следејќи ги навиките, однесувањата, местата кои родителите ги посетуваат со своите деца.

Затоа, потребна е посебна грижа при фотографирањето на местата каде што престојувате редовно или одвреме-навреме. Ако објавувате слики од одмор, се препорачува да ги објавите по враќањето, за потенцијалните предатори да немаат ажурирани информации за вашите движења.

Иако денес многу работи се случуваат во виртуелниот свет, а децата растат со нови технологии и социјални мрежи, голема е одговорноста на родителите. Најважната препорака е да се ограничи времето што детето го поминува на интернет. Само на овој начин Интернетот останува безбедно поле за забава, одмор и нови знаења.

Повеќе