Најпознатата родителска закана: Ќе разговараме за ова дома!

Понекогаш, во афект, родителот кажува нешто што не сакал, несвесен за тоа колку само една реченица може да има влијание врз детето. Кои се според вас најчестите родителски фрази што ви ги кажувале вам или вие им ги кажувате на вашите деца?

268

Не се вели без причина дека улогата на родителите е една од најважните, но и најтешките животни улоги. Понекогаш, во афект, родителот кажува нешто што не сакал, несвесен за тоа колку само една реченица може да има влијание врз детето.

„Ќe правите како што ќе ви кажам, не се расправајте со мене, додека сте под мојот покрив ќе биде како што велам…“, се само дел од фразите што сите сме ги слушале како деца и сме ги изговориле како родители.

Една од „најпознатите“ родителски фрази е дефинитивно „Ќе разговараме кога ќе дојдеме дома“.

„Тоа делува како закана и е застрашувачко за детето. Сепак, повторно зависи што ќе се случи дома и како ќе се зборува. Тоа делува и како закана „Додека си во мојата куќа ќе биде така и така“. Но, всушност станува збор за неискажани образовни ставови, неискажани очекувања. Подобро е да му кажете на детето „Очекувам да се однесуваш вака и онака“, „Сакам да бидеш ваков и ваков“, а не „Ќе зборуваме за тоа“, велат психолозите.

Во однос на децата треба да се внимава кога станува збор за пофалби, бидејќи децата знаат што е добро, а што не и дали ја заслужуваат таа пофалба. А што е со давањето ветувања на децата, како „Сè ќе биде добро“.

Обично тоа се многу критични и трауматични ситуации кога на детето му велиме „Сè ќе биде добро“. Сè ќе биде добро, јас сум секогаш со тебе и секогаш треба тој додаток, „секогаш ќе бидам тука за тебе“, „секогаш ќе те поддржувам во сè“, „ова ќе го поминеме заедно“, велат психолозите.

Нормално е родителите понекогаш да се налутат на своето дете и да реагираат бурно. Сепак, важно и неопходно е да разговарате со децата и да им дадете до знаење дека се сакани и дека секогаш ќе имаат поддршка од најблиските.

Повеќе