Тивкиот симптом на менингитис кај децата може да се забележи по спиењето

По употребата на антибиотици, повеќето деца целосно закрепнуваат, но некои имаат сериозни и долгорочни здравствени проблеми. Тие вклучуваат губење на слухот или видот, тешкотии со меморијата и концентрацијата, напади и проблеми со рамнотежата.

2.057

Менингитисот убива повеќе деца на возраст под пет години од која било друга заразна болест. Можно е да се помеша со грип или некоја друга болест бидејќи многу од симптомите се преклопуваат. Болното дете најчесто ќе има треска, главоболка и осип кој не исчезнува на притискање и ќе повраќа. Некои деца може да доживеат чувствителност на силна светлина, вкочанетост на вратот или напади.

Родителите може да забележат и дека нивните деца се поспани или тешко се будат по дремката, пишува The Sun. Сепак, според Националната здравствена служба на Англија, некои деца воопшто не покажуваат никакви симптоми.

Според Фондацијата за истражување на менингитис, состојбата се однесува на воспаление на обвивката околу мозокот и ‘рбетниот мозок. Затоа е важно да ги препознаете симптомите и да започнете со лекување на време.

По употребата на антибиотици, повеќето деца целосно закрепнуваат, но некои имаат сериозни и долгорочни здравствени проблеми. Тие вклучуваат губење на слухот или видот, тешкотии со меморијата и концентрацијата, напади и проблеми со рамнотежата. Се проценува дека еден од секои 10 случаи на бактериски менингитис е фатален.

Повеќе