Двегодишна генијалка: Девојче од Кина со леснотија собира и одзема трицифрени броеви (ВИДЕО)

Видео од двегодишно девојче од Кина како решава математички задачи стана вистински хит на социјалните мрежи.

154

Мало девојче од Кина кое има само две години воодушевува со своите математички вештини, а на видеото објавено на Инстаграм може да се види како лесно решава задачи кои би биле комплицирани за повеќето основци. Видеото од ова двегодишно девојче на кое се гледа како решава математички задачи стана вистински хит на социјалните мрежи.
И не, не станува збор за класично собирање на едноцифрени броеви, туку за решавање на комплицирани математички задачи кои вклучуваат и трицифрени броеви.

Посебно е неверојатно тоа што девојчето сето ова го решава без помош од калкулатор.

Погледнете како изгледа тоа во видеото подолу:

Повеќе