Фризерски салон за деца со аутизам (ВИДЕО)

Мајка на аутистичен син во англискиот град Шефилд во својата фризерница додала играчки и сензорна опрема за да им помогне на децата со аутизам за кои потстрижувањето е траума

311

Фризерски салон во англискиот град Шефилд создаде специјализирана просторија за да им помогне на децата со аутизам да ја потстрижат косата во помалку предизвикувачка средина.

Сопственичката, Кети Чишолм, додала играчки и сензорна опрема во салонот, истовремено, создала мирна атмосфера, без музика и со слабо осветлување која освен за лицата со аутизам е наменета и за сите лица со попреченост, анксиозност или едноставно, за сите што имаат потреба од поинаква, спокојна атмосфера.

Истовремено, таа и самата е мајка на 27-годишен син со аутизам, па вели дека точно знае со какви тешкотии се соочуваат семејствата и затоа „сакала да даде поддршка“.

Фризерката од Шефилд вели дека работи напорно за да изгради доверба со своите клиенти и дека секоја фризура е достигнување за детето.

Повеќе