Главна карактеристика што ги открива токсичните родители

Терапевтот Мика Стивенс го споделил „главниот знак“ што укажува дека родителот е токсичен.

2.668

Токсичните родители можат да предизвикаат емоционална штета на децата преку нивното манипулативно однесување и недостатокот на поддршка.

Нивната контрола, прекумерна критика и недостаток на љубов може да им отежнат на децата да развијат самодоверба и здрави односи во иднина.

Сепак, постои уште една карактеристика што ги открива токсичните родители.

Терапевтот Мика Стивенс го споделил „главниот знак“ што укажува дека родителот е токсичен.

„Кога на токсичните родители ќе им обрнете внимание за нивното лошо однесување, дури и ако тоа го направите со почит и на здрав начин, тие ќе се обидат да ги свртат работите и ќе направат да излезе дека проблемот е во вас“, вели терапевтот во неодамнешната објава на Инстаграм.

Поради овој срам, тие не можат да ја поднесат помислата дека направиле нешто погрешно бидејќи е тоа крајно болно.

Затоа, тие мора да ја префрлат вината за своето лошо однесување на некој друг или да направат другата личност да изгледа како проблемот за да не мора да се справуваат со тој неподнослив срам, вели Стивенс.

„Ако ова ви се случи, не се обидувајте да се расправате со нив за тоа кој е во право или кој не е во право.

Најдоброто нешто што можете да направите е да ги игнорирате нивните обиди да ве прикажат како проблем. Кажете им јасно што ќе се случи ако продолжат со ова однесување“, заклучил терапевтот.

Повеќе