Горди сме на тебе! Ова е реченицата која детето најчесто сака да ја слушне од своите родители

Како што објаснуваат психолозите, децата често се плашат од неуспех и се загрижени дека ќе ги разочараат своите родители. Затоа, родителите треба да се обидат да го користат изразот „Горди сме на тебе“, бидејќи со тоа му даваат на детето на знаење дека секогаш ќе ја има поддршката од нив, а во исто време тоа му дава самодоверба да експериментира со нови работи или предизвици.

230

Според психолозите, речениците кои родителите им ги кажуваат на своите деца често имаат поголемо влијание отколку што можеби мислите, но додаваат дека сепак постои една фраза што децата најмногу сакаат да ја слушнат од своите родители.

Истражувањата покажаа дека користењето на фразата „Горди сме на тебе“, која се смета за израз на родителска топлина, може да ја зголеми самодовербата на детето и неговата сигурност во сопствените способности. Токму високото ниво на самодоверба е корисно бидејќи на детето му дава чувство дека е ценета личност и дека е прифатено од другите.

Како што објаснуваат психолозите, децата често се плашат од неуспех и се загрижени дека ќе ги разочараат своите родители. Затоа, родителите треба да се обидат да го користат изразот „Горди сме на тебе“, бидејќи со тоа му даваат на детето на знаење дека секогаш ќе ја има поддршката од родителите и во исто време му дава самодоверба да експериментира со нови работи или предизвици.

Повеќе