Холандска двојка купила шпанско село за помалку од 350.000 евра

Маике Геуртс и Тибор Штраус го купиле напуштеното село Барцена де Буреба во северна Шпанија, составено од 62 трошни куќи, со цел да го трансформираат во еколошки одржлива заедница.

136

Маике Геуртс и Тибор Штраус, брачна двојка од Холандија, го купиле напуштеното село Барцена де Буреба, во провинцијата Бургос во северна Шпанија, со амбиција постепено да го трансформираат во самоодржлива еко-заедница. Во селото има 62 куќи, а целиот проект ги чинел 349.000 евра, пишува El Periódico de España.

Сепак, велат, имало еден значаен предизвик – сите куќи во селото биле во трошна состојба. Имено, ова заборавено селце во северна Шпанија, меѓу Мадрид и Билбао, е ненаселено од 1970-тите.

Живот офлајн
Сепак, ништо од горенаведеното не им пречело на Маике и Тибор.

„Тие не контактираа затоа што бараа вакво нешто големо, со многу куќи и земја, далеку од големите градови“, рекла Елвира Фафиан, шеф на Aldeas Abandonadas Real, агенција за недвижности специјализирана за продажба на напуштени села.

Откако се преселиле во ова напуштено село со нивните две мали ќерки, Трис и Рива, на девет и седум години, тие почнале со обновување.

Со цел да се создаде еколошки одржлива заедница, првиот чекор бил да се инсталираат соларни панели за да се обезбеди потребната електрична енергија.

Потоа се фокусирале на планирање на водоводен систем и систем за одгледување органска храна, почнувајќи да обликуваат село кое ќе овозможи „живот надвор од мрежата“.

Барцена де Буреба, иако мало село, е преголема за четиричлено семејство.

Затоа тие бараат жители за нивната еколошка заедница и се чини дека е тоа успешно. Неодамна се сретнале со четири семејства во Амстердам, а две од нив веќе ветиле дека ќе се преселат во 2025 година.

„Неодамна имавме состанок во Амстердам со четири семејства заинтересирани да дојдат и две ни кажаа дека дефинитивно ќе дојдат во 2025 година. Сакаме да ги инспирираме луѓето со создавање на самоодржлива средина која нуди алтернативен начин на живот“, рекла Маике.

Романичка црква
Една од најатрактивните карактеристики на Bárcena de Bureb за потенцијалните жители е романичката црква. Иако моментално е во полуруинирана состојба, има надеж за нејзино обновување. Сепак, тоа е и единствената зграда во селото што не е во сопственост на брачниот пар.

„Многу луѓе во Холандија се заинтересирани да ја реновираат, но не знам дали тоа ќе биде возможно; можеби тоа може да биде центар за млади луѓе, за постари лица“, вели Маике.

Алдеас Абадонадас на својата веб-страница наведува околу 40 други села за продажба низ Шпанија, многу од нив во регионот на Галиција, каде што други семејства веќе почнале да размислуваат за слични проекти за реновирање на напуштените населби.

Повеќе