Јано мори, Јано леле…Кои се најпопуларните имиња за девојчиња ширум Европа, според страницата „Amazing Maps“

На страницата „Amazing Maps“ споделена е карта на Европа на која се претставени најпопуларните имиња на девојчиња во различни држави.

578

Картите кои истакнуваат интересни податоци за земјите ширум светот се сѐ попопуларни, а на една таква се прикажани најпопуларните имиња за девојчиња во земјите во Европа во 2023 година. Податоците за мапата биле преземени од веб-страницата „Fatherly“.

Според оваа мапа, кога станува збор за Македонија, најчестото име за девојчиња е Јана.

А, едно од најчестите имиња претставено на картата е Софија. Ова име е најчесто во Србија, Црна Гора, но и во Италија, Русија, Словачка.

Во Хрватска најпопуларно е името Миа, а исто тоа име е застапено и во Швајцарија, како и во Естонија. Во Словенија најзастапеното женско име е Ема, а во Албанија Амелиа.

Во Португалија и Грција најчестото име за девојчиња било Марија, а во Шпанија – Луција. Во Турција тоа е името Зејнеп, а во Велика Британија и Финска – Оливија.

Во 2022 година, според истражувањето на „BabyCentre“, меѓу 100-те најпопуларни имиња ширум светот биле и: Софија, Оливија, Амелија, Миа, Емили, Изабела, Хана, Ема.

Повеќе