Кај нас, заборавена навика која се смета за примитивна, а во Норвешка- знак на општа култура

Што помислувате кога ќе видите чевли пред нечија врата во зграда? А што би рекле ако се случи такво нешто на лекар или во слична институција? Што мислите вие за оваа навика, дали треба повторно да се научиме на неа, особено кога ќе се земе предвид колку се валкани нашите улици?

603

Иако оваа навика била порано вообичаена и кај нас, особено во селата кадешто кога се влегувало кај некого дома, обувките се оставале пред врата, денес не само што е заборавена, туку се смета за примитивна, особено во поголемите градови. Во Норвешка пак, собувањето на чевлите е знак на општа култура и децата на ова се учат уште од мали.

Така, Норвежаните при влегувањето во куќата ги соблекуваат чевлите и ги оставаат на влезот. Тоа е знак на почит кон домаќините – за да не ја валкаат куќата.

Посебно е интересно што претежно сите со себе носат волнени чорапи, а потоа ги облекуваат кога ќе ги соблечат чевлите, наместо да бараат влечки од домаќините.

Исто така, Норвежаните ги учат децата на ова уште од мали нозе, бидејќи идејата е да им се всадат здрави навики до крајот на животот додека се мали. Тие се толку цврсти во врска со правилото „без чевли внатре“ што го спроведуваат и во градинките и во основните училишта во Норвешка.

Целта е нечистотијата и бактериите да не влезат таму каде што престојуваме, а несоблекувањето, од друга страна, се смета за непристојно.
Соблекувањето на чевлите е, пред сè, практично во Норвешка, каде што времето надвор често е калливо или влажно, со многу снег, а тие не го сакаат тој хаос во својот дом.

Освен тоа, повеќето норвешки куќи имаат подно греење, па затоа е пријатно да се оди по чорапи.

Секако, во Норвешка нема да ги соблечете чевлите кога ќе влезете во ресторан, но немојте да се изненадите ако најдете чевли пред влезот кај доктор, стоматолог или тату-мајстор.

Што мислите вие за оваа навика, дали треба повторно да се научиме на неа, особено кога ќе се земе предвид колку се валкани нашите улици?

Повеќе