Како да го натерате вашето пребирливо дете да почне да јаде?

Една мајка открила трик што го натерал нејзиниот пребирлив син да јаде

74

Секој родител понекогаш се наоѓа во ситуација кога неговото дете не сака да јаде, но некои деца се особено пребирливи кога е храната во прашање. Мајката Бека Марота се нашла на предизвик од пребирливите навики во исхраната на нејзиниот син и пробала необичен метод кој резултирал со успех.

Марота споделила видео на својот профил на Тик-Ток во кое објаснила дека нејзиниот син е прилично пребирлив кога е во прашање храната и дека дошла на идеја тој сам да си ја подготвува. Таа објаснила дека го поттикнала да бара рецепти за јадења што му се допаѓаат, а потоа заедно ги купиле состојките и го подготвиле оброкот. Ова резултирало со празна чинија.

„Денес избра тако. Беа одлични, а јас бев толку горда затоа што го изеде целиот оброк“, рече таа.

Видеото собрало преку 90.000 прегледи и охрабрило бројни родители.

„Многу умно, сега повеќе ја цени храната бидејќи сам ја прави“, „Тоа е навистина одлична идеја бидејќи тогаш може да види дека секој оброк е планирање, готвење и чистење, па можеби ќе може повеќе да го цени, да проба нова храна и истовремено да научи животни вештини. „Одлично, ова е генијална идеја“, се само дел од коментарите.

Како да му помогнете на детето да прифати разновидна исхрана?
Логопед Сузан Гринберг истакнува дека на децата често им се потребни повеќекратни обиди пред да прифатат нова храна. „На некои луѓе им требаат најмалку десет обиди за да одлучат дали сакаат храна, а некои истражувања сугерираат повеќе“, објаснува тој.

Педијатарот Дани Лебовиц ја нагласува важноста да не се означува детето како „пребирливо“, пишува Upworthy. „Сите ние сме автономни луѓе со свои вкусови и преференции. Децата учат за нивните пупки за вкус, ги истражуваат текстурите и вкусовите, а нивните вкусови постојано се менуваат“, објаснува Лебовиц.

Важно е децата да не се форсираат, туку редовно да се изложуваат на нови искуства за со текот на времето одредена храна да им стане поприфатлива.

Повеќе