Како да ја забрзате менструацијата, а како да ја поттикнете ако доцни
Сигурно ви се случува почетокот на менструалното крварење да ви се поклопи со одењето на одмор или на некој важен настан па сакате да го скратите нејзиното траење или пак да предизвикате предвремено крварење за да го избегнете ова. Да, да, има начини…
Памтам дека порано, кога одевме на одмор со другарките и кога некоја од нас или сите ќе добиевме менструација за време на одморот, одевме во продавница и купувавме лимони. Ги јадевме онака, излупени, како портокали, со многу смеење поради смешните изрази на лицето кои ги правевме затоа што ни беа кисели.
Мислам дека информацијата дека лимоните можат да ни го запрат менструалното крварење ни беше од мајка ми која секогаш имаше предлози кога требаше да се најде природен лек за некој проблем (а особено, кога стануваше збор за природна нега на лицето).
Бидејќи времето на летни одмори е сѐ уште во тек, сигурно ќе ве интересира како можете да го намалите траењето на менструацијата ако случајно ви се поклопува со одморот, или пак како да ја поттикнете да започне порано за да заврши пред одморот или пред некој важен настан.
Постојат некои популарни опции за ова. Прочитајте подолу што можете да направите, а пред тоа и некои основни информации за циклусот кои ќе ви помогнат да разберете што можете да направите.
За да знаете како да го забрзате вашиот период, треба да знаете некои основи за тоа како функционира телото и менструалниот циклус. Откако ќе дојде до овулација, менструалното крварење ќе се појави од 14. до 15. ден, затоа не можете природно да ја одложите менструацијата, бидејќи е тешко да се запре природното крварење, но можете да го забрзате неговото појавување и на тој начин да го корегирате времето на појавување и да го усогласите со некои ваши планови.
Исто така, откако ќе започне менструацијата, можете да преземете некои чекори за да го запрете крварењето што е можно поскоро. Подолу ќе најдете начини како да го скратите менструалното крварење и како да ја поттикнете менструацијата да се појави неколку дена порано.
Како да се стимулира менструалното крварење
Пред да одлучите да ја забрзате менструацијата, треба да бидете сигурни дека не сте бремени. Направете тест за бременост за рано откривање на бременоста, бидејќи многу работи подолу можат негативно да се одразат на бременоста и да предизвикаат трагични последици за плодот. Затоа, ако има какви било шанси да сте бремени, не обидувајте се да го забрзате вашиот период.
Познато е дека високите дози на витамин Ц можат да ги поттикнат контракциите на матката и да го исфорсираат почетокот на менструацијата. Додатоци во доза од 3000 мг витамин Ц три дена по ред треба да го стимулираат почетокот на менструалното крварење. За да го стимулирате менструалното крварење, земајте 1000 мг витамин Ц три пати на ден.
Две или три шолји силен чај од ѓумбир исто така треба да ја стимулира менструацијата и да го забрза нејзиното доаѓање. Ова е стар рецепт кој би требало да помогне. Направете силен чај од ѓумбир и пијте го половина час пред трите главни оброци.
Чајот од магдонос или поголема концентрација на магдонос во супата ќе ги стимулира ѕидовите на матката и ќе предизвика менструално крварење. Чајот од магдонос има многу непријатен вкус, па тешко се пие, но е еден од поефикасните начини за поттикнување на менструацијата.
Ако веќе знаете дека имате нередовни менструации и сакате да ги добиете точно на време, за да можете да планирате настан, добра опција е да пиете чај од невен, 2-3 шолји дневно, од првиот ден на циклусот, додека не се појави следната менструација. Чајот од невен ги регулира циклусите, но треба да се пие и во првиот дел од циклусот.
Значи, ако сакате да ја забрзате менструацијата, можете да дејствувате и во првите 14 дена од циклусот. Посилните дози на матичен млеч, на пример двојно повеќе од препорачаните, можат да поттикнат овулацијата да се случи порано и на овој начин да го забрзате доаѓањето на следната менструација. Менструацијата може да ја забрзате и ако примените некои препарати во последните 15 дена од циклусот, но ако ги земате во првите 14, тогаш тоа што ќе го земете ќе има многу подобар ефект. А комбинацијата на двете може значително да го скрати циклусот и да го стимулира крварењето.
Како да се скрати времетраењето на менструалното крварење
Овде е исто така во игра витаминот Ц. Според некои истражувања, витаминот Ц го намалува нивото на прогестерон и ѝ помага на матката побрзо да се излупи. Покрај витамин Ц додадете и лимонади, бидејќи некои тврдат дека лимонадата како таква помага да се намали менструалното крварење, а не само витаминот Ц од неа.
Во почетокот користете влошки или менструални чаши, а во последните денови тампони. Некои тврдат дека тампоните можат да го блокираат внатрешниот проток на менструалната крв, што може да го продолжи времетраењето на менструацијата. Влошките, од друга страна, ја апсорбираат крвта која веќе го напуштила телото. Кон крајот на менструацијата, можете да ставите тампон за да ја апсорбирате крвта што евентуално преостанала.
Вежбајте. Вежбањето, исто така, може да го стимулира протокот на крв и да ѝ помогне на матката да се излупи порано.
Подеднакво е важно да не се двоумите да побарате совет од лекар или гинеколог. Можеби ви изгледа несоодветно да одите на лекар само за да го скратите циклусот или да ја темпирате менструацијата, но ако очекувате патување во друга земја, одење на одмор, долго кампување во природа или можеби свадба каде што ќе треба да носите светли бои или бел фустан, прашајте го вашиот гинеколог за таблети. Таблетите, кои се базираат на хормонска терапија, можат да ви помогнат целосно да прескокнете циклус или да темпирате кога сакате да имате менструација.