Како мајките кои не можеле да дојат ги хранеле бебињата пред да се измисли адаптираното млеко?

Мало истражување откри дека постоеле цела низа импровизирани алтернативи за доењето и за мајчиното млеко, пред да стапат на сцена адаптираното млеко и шишињата со цуцла

1.314

Дали некогаш сте се запрашале како жените кои не можеле или не сакале да дојат, ги хранеле своите бебиња? Адаптираното млеко е измислено не толку одамна па можеби е интересно да навлеземе подлабоко во историјата на доењето и да откриеме како жените се справувале, што користеле и како ги хранеле своите деца на почетокот на 1900-тите. Мало истражување открило дека имало цела низа импровизирани алтернативи на мајчиното млеко пред да стапат на сцена адаптираното млеко и шишињата со цуцла. Па, да почнеме по ред…

„Мокра сестра“

Мокра сестра е жена која дои дете на друга жена и токму тоа била најчеста алтернатива за доењето. Овој метод на доење се појавил уште во 2000 година п.н.е. и продолжил до 20 век (а можеби и подоцна, како што може да потврдат некои вести и видеа на Јутјуб!) Жените кои имале млеко доеле други деца и тоа било широко распространета алтернатива на доењето бидејќи жените за жал често умирале за време на породувањето или не можеле да дојат од здравствени причини. Во некои општествени класи, доењето не било пожелно. Тоа значело дека, многу често, добростоечките семејства користеле слугинки или – за жал – робинки кои ги доеле нивните деца.

Глинени садови

За време на археолошките ископувања, пронајдени се древни глинени садови, а се верува дека тие биле исполнети со животинско млеко (на пр. козјо, овчо, магарешко, свинско или коњско млеко) и се користеле за хранење на бебиња чии мајки не можеле да дојат. Се разбира, овие садови не биле хигиенски или соодветни/како и млекото.

„Шишиња“ од животински рог

Дали знаевте дека и рогот од животно може да стане бебешко шише? Луѓето во средниот век го знаеле тоа затоа што бебињата пиеле животинско млеко од шуплив рог.

Дрвени садови

Понекогаш се правеле резбарени дрвени садови и се користеле за хранење на бебињата исто така со животинско млеко.

Натопен леб и житарки

Помеѓу 16 и 18 век, некои бебиња биле хранети со леб натопен во вода, зашеќерена вода или кравјо млеко. Други биле хранети со житарки варени во супа од коски.

Тенџере за бебиња

Во 1700-тите, било измислено нешто што се нарекувало „bubby pot“. Било направено од калај или сребро и донекаде наликувало на тенџере, а бебињата пиеле кравјо млеко од него. Местото од каде што пиеле било покриено со партали, платно или сунѓери за да се создаде импровизирана цуцла. До 18 век, луѓето почнале да сфаќаат дека човечкото млеко е најдобро за бебињата – па почнале да формулираат нешто што ќе има слични својства.

Лажичка за хранење!

Во средината на 1800-тите, исто така било популарно да се хранат бебињата со млеко со помош на лажица.

Цицање од животни. Хм.

Друг начин на хранење на бебињата вклучувало охрабрување на детето да цица директно од животното.

Кондензирано млеко?!

Во 1853 г. Гејл Борден додал шеќер во новоизмисленото млеко кое со варење испарувало (уште еден популарен избор за хранење бебиња), го конзервирал и го продавал како кондензирано млеко. Ова наскоро станало популарна алтернатива на мајчиното млеко за бебиња.

Првите формули

Во 1865 година, хемичарот Јустус фон Либиг создал, патентирал и продавал една од првите бебешки млечни мешавини. Првично, формулата била направена во течна форма, а потоа се развила во форма на прав. Подготовката се состоела од кравјо млеко, брашно од пченица и слад и калиум бикарбонат. Сè до 1883 година, Jустус не бил единствениот избор и производител на формули. Во тоа време на пазарот веќе имало 27 патентирани видови храна за бебиња и повеќето од нив биле масни, слатки и несоодветни за бебиња поради многу малиот процент хранливи материи.

Стаклени шишиња

Стаклените шишиња почнале да се користат во средината на 19 век со првите шишиња за хранење бебиња создадени во Франција. Тие биле многу сложени, со брадавица од плута, а иглите од слонова коска се користеле како влезови за воздух за да се регулира протокот на млеко.

Конкурентниот пазар прилично брзо ги поправил и садовите за хранење и хранливата вредност на формулата!

Но, бебињата во развиениот свет сѐ уште заболувале од пиење на овие замени за мајчиното млеко, бидејќи семејствата сѐ уште не знаеле дека штетните бактерии може да се размножуваат во шишињата. Важно е да се напомене дека во многу земји каде што почнала на пазарот да се појавува адаптираната млечна храна, родителите немале пристап до чиста вода или стерилизирани шишиња. Тоа резултиралое со многу болести и висока смртност на новороденчињата во тој период.

Еве ја и одбивната гумена брадавица!

Околу 1912 година, сите знаеле дека старата крпа не е идеална брадавица и дека млекото треба да се чува на ладно. Била измислена гумената брадавица, а системите за ладење се подобриле толку многу што, како резултат на тоа, била обезбедена побезбедна потрошувачка на вештачко млеко.

Конечно успех!

До педесеттите години на 20 век, била измислена многу покомпатибилна „брадавица“ и адаптираната млечна храна конечно била прифатлива алтернатива за мајчиното млеко. Оттогаш, уредите за хранење и формулата се подобрени, а родителите можеа со доверба да ги хранат своите бебиња со вештачка храна.

Приказни од реалниот живот

Многу наши баби се сеќаваат какво било доењето порано, а на форумот Mumsnet луѓето споделуваат анегдоти и приказни за тоа како нивните претци се справувале со тоа кога мајките не можеле да дојат…

„Мајката на мојот сопруг ми кажа дека нејзината мајка го доела детето на сосетката како и своето кога неговата мајка не можела. Тоа било во Шпанија во 1930-тите / 40-тите години. Претпоставувам дека за време на војната кравјото млеко го немало во изобилство.

„Луѓето (како баба ми) го вареле кравјото млеко, го разредувале и додавале шеќер.“

„Баба ми доела во англиска болница во 1940-тите.“

„Баба ми имаше 5 деца и поради некоја причина немаше млеко за своето петто бебе. Бидејќи тоа било во Ирска во 1940 година, немало формула, па докторот ги тестирал примероците од млеко од локалното млечно стадо (не знам како) и била пронајдена кравата со „најтенкото“ млеко и тоа млеко било користено за вујко ми“.

Ова се дел од приказните на форумот, а сите звучат прилично необично, нели?

Повеќе