Што е тоа пурпурен плач?

Станува збор за неконтролирано плачење што се јавува на возраст од околу 2 недели, кое го достигнува својот врв на околу 6 недели и престанува на возраст од 3 или 4 месеци. Обично се препознаваат според правилото број три. Односно, бебето плаче 3 часа дневно, 3 дена во неделата, 3 недели по ред.

157

Дали некогаш сте слушнале за пурпурно плачење (purple crying)? Тоа не е ништо друго освен ново име за колики. Некои експерти одлучија да ги преименуваат за подобро да ја опишат фазата во која се наоѓа бебето.

На зборот purple, односно на буквите од кои е содржан им е дадено следното значење:

P (peak) се однесува на врвот на плачење што се јавува на околу 6-тата недела.
U (unexpected) укажува на ненадеен почеток на плачењето и негово престанување.
R (resists soothing) се однесува на неможноста да се смири плачењето.
P (pain – like face) се однесува на изгледот на бебето кое се чини како да е во болки, а всушност не е.
L (long lasting) го означува времетраењето на плачењето кое може да трае и повеќе од 5 часа.
E (evening) го означува времето од денот кога се јавуваат коликите, односно доцна попладне и навечер.

Што всушност се колики?
Тоа е неконтролирано плачење што се јавува на возраст од околу 2 недели, кое го достигнува својот врв на околу 6 недели и престанува на возраст од 3 или 4 месеци. Обично се препознаваат според правилото број три. Односно, бебето плаче 3 часа дневно, 3 дена во неделата, 3 недели по ред. Најчесто се јавуваат навечер, за време или веднаш после јадење. Бебето се грчи, стенка и се напрега и се чини дека се чувствува подобро откако ќе пушти гасови или ќе се искака.

Често се смирува со носење, возење или звуци како фен за коса.

Како да се смират коликите?
Иако многу експерти веруваат дека нема лек за колики и дека родителите едноставно мора некако да ја преживеат оваа фаза – постои решение!

Д-р. Харви Карп, познат педијатар и експерт за детски развој, го дава решението во својата книга „Најсреќното бебе во соседството“. Наскоро, милиони родители ја добија долго потребната конкретна помош и го нарекоа шептач на бебиња.

Доктор Карп увидел дека на бебињата им недостасува четвртото тримесечје, а причината за колика е потстимулираноста на бебето. По цели девет месеци во стомакот на мајката, на бебето треба да му се овозможат условите што ги имало во утробата за да се олесни неговото прилагодување кон нашиот свет и да се обезбеди прибежиште кога откако ќе апсорбира многу информации, ќе се измори.

Точно 5 чекори, дизајнирани од д-р Карп, му го обезбедуваат на бебето тоа што му е потребно и го активираат неговиот смирувачки рефлекс.

Благодарение на него, откриено е дека бебињата, како и возрасните, имаат вроден рефлекс кој не доведува до состојба на смиреност и релаксација. Само треба да знаете како правилно да го активирате. Повивање, положба на стомак/колк кога бебето е будно, лулање, бел шум и доење се техники кои ги смируваат и најсилните колики за само неколку минути.

Повеќе