Како почнала традицијата бебињата да спијат надвор? Снимките од бебешки колички наредени на студот сѐ уште ги шокираат луѓето (ВИДЕО)

Традицијата бебињата да спијат во своите колички на отворено, во нордиските земји се пренесува од колено на колено, а вообичаено е да се видат колички со заспани бебиња паркирани пред куќи, станови, па дури и пред компании во Норвешка, Данска и на Исланд.

774

Многу пати сме пишувале за тоа дека во нордиските земји веќе стотина години постои традиција бебињата да спијат на воздух, но глетката на колички наредени една до друга со заспани бебиња внатре е и натаму глетка која и ден денес шокира многу туристи. Особено Американците кои не се шокираат толку од спиењето на ладно колку од тоа што родителите не се плашат дека некој ќе им го киднапира бебето.

А во овие земји традицијата постои откако епидемијата на туберкулоза го погодила Исланд на почетокот на 20 век.

Сега, Австралиецот Оли Бауман повторно ја врати оваа тема на дневен ред со својата објава на ТикТок на која се снимил како поминува по улица покрај десетина колички во кои спијат бебиња и покрај ниските температури. За тоа време нивните родители се релаксираат во кафулињата.

Уште еден обичен ден во Норвешка

„Уште еден ден во Норвешка, друга група бебиња оставени надвор на студ. Погледнете колку ги има“, вели тој во видеото, објаснувајќи зошто родителите во Норвешка ја следат оваа практика.

„Тоа им помага со дишењето и ги прави понезависни. Ова е причината зошто Норвежаните ги напуштаат домовите на своите родители порано од младите во која било друга земја“, великна тој.
Видеото шокираше многу гледачи, особено Американците.

„Дали никој таму не киднапира деца? Би бил вознемирен“, „Ова никогаш нема да го разберам“, „Би сакал да живеам овде, изгледа сосема безбедно“, се дел од коментарите.

Традицијата се пренесува од колено на колено

Во 1926 година, исландскиот лекар Дејвид Торштајнсон објавил педагошка книга во која тврди дека родителите треба да ги оставаат своите деца да спијат надвор во количките за да добијат свеж воздух, дури и на ладно време и на тој начин да го зајакнат нивниот имунолошки систем. Традицијата се пренесува од колено на колено, а вообичаено е да се видат колички со заспани бебиња паркирани пред куќи, станови, па дури и пред компании во Норвешка, Данска и на Исланд.

Финска студија од 2008 година покажала дека децата „дремат подолго на отворено во споредба со дремењето во затворен простор“. Сепак, постои ризик од хипотермија на ладно време, па затоа е клучно бебињата да бидат облечени топло.

Повеќе