Какви пелени носеше како бебе, знаеш, јас се дружам само со „памперовци“! Ова нема никогаш да го слушнеме од тригодишно дете

Кога ќе им се придружи нов пријател, децата нема да се грижат за неговата материјална состојба, неговата религија, бојата на кожата, историјата на неговото семејство, недвижниот имот што го поседува, гардеробата и чевлите што ги носи… Нема да слушнете од тригодишно дете да праша: „Кажи ми дали кога беше бебе носеше „Памперс“ или некои други пелени? Јас се дружам само со „памперовци“, да знаеш“!

328

Понекогаш најголемите лекции во животот може да се научат токму од децата. На пример, зошто децата постојано се смеаат и покрај лошите временски услови и покрај кризата во земјата и светот и покрај војните, поплавите, бедата што ги опкружува и покрај болестите и сиромаштијата? Затоа што тие ги набљудуваат ситуациите што ги опкружуваат на поинаков начин од нас возрасните.

Немаат молив? Ќе цртаат со креда! Немаат топка? Ќе ја користат кутијата! Немаат скејтборди? Ќе ги направат од гранки! Децата ќе импровизираат куќа во природа, ќе прават снежни колачи, замок од песок, ќе трчаат боси по тревата, ќе скокаат во бари, ќе ловат бубачки и гуштери, ќе хранат новородени мачиња, ќе си играат со џамлии од кал, ќе лижат мразулци замислувајќи дека се сладолед. Ќе танцуваат на мразот, ќе си играат со лисја, јажиња, гајбички, ќе скокаат, ќе викаат, ќе се качуваат на се на што може да се качат и ќе бидат посреќни од многу возрасни кои имаат неспоредливо повеќе.

Кога ќе им се придружи нов пријател, децата нема да се грижат за неговата материјална состојба, неговата религија, бојата на кожата, историјата на неговото семејство, недвижниот имот што го поседува, гардеробата и чевлите што ги носи… Нема да слушнете од тригодишно дете да праша: „Кажи ми дали кога беше бебе носеше „Памперс“ или некои други пелени? Јас се дружам само со „памперовци“, да знаеш“!

Децата уживаат во сегашниот момент и заедно создаваат спомени – додека многу возрасни постојано ги враќаат спомените од минатото и со тоа ја расипуваат и сегашноста и иднината.

Детето секогаш ќе најде начин да се забавува, максимално да го искористи своето време и ситуацијата во која се наоѓа.

По инјекцијата, среќен и полн со себе од докторот ќе побара шприц со кој ќе си игра уште долго. Ќе си направи замок од големата картонска кутија од новиот фрижидер. Ќе направат гаража за коли од кутија за чевли, ќе направат авион од лист хартија, ќе се прскаат со вода, ќе си играат со стапчиња, сите подеднакво гласно ќе пеат иако не секој има дарба за пеење и слух, и најважно – искрено ќе се смеат!
Благодарение на ова, детството станува поубаво, весело, разиграно, распеано и шарено, дури и во најтешките услови за растење. Нивната имагинација е бујна, а нивната волја и желба да си го разубават секој момент е бескрајна.

Навистина малку ни треба за среќа, можеме да ја најдеме и да ја почувствуваме насекаде, сè што ни треба е малку добра волја.

Животот е направен од мали работи и краткотрајни моменти… Тие го прават совршенството… А совршенството е нашата крајна цел.

Повеќе