Кога млеко тече и од пазуви: Мајка шокираше со видео на кое млекото не ѝ излегува само од дојките

Во видеото кое брзо стана вирално и моментално има 9,5 милиони прегледи, оваа мајка и доилка сподели чудна постпородилна нуспојава од доењето.

693

Во текот на бременоста и после породувањето, женското тело поминува низ бројни неочекувани промени, но и феномени кои можат доста да ги изненадат новите мајки. Истото се случи и со оваа мајка на две деца која објавува на TikTok под името @heavyondahustla_ и неодамна го роди своето второ бебе.

Во видеото кое брзо стана вирално и моментално има 9,5 милиони прегледи, таа сподели чудна постпородилна нуспојава од доењето.
Како што покажува на видеото, млеко буквално ѝ излегува од пазувите. Таа раскажува како неодамна забележала чуден оток под пазувите и почнала да го масира бидејќи мислела дека е маститис. Кога случајно ја стиснала, од неа почнало да излегува млеко.

Иако оваа нуспојава шокираше многу корисници на социјалните мрежи, па дури и родители, всушност се случува почесто отколку што мислите.

Повеќе