Кога може да се воведе кравјо млеко во исхраната на децата

По првиот роденден веќе можете да започнете со воведување на кравјо млеко и тоа само полномасно. На децата им е потребна висока содржина на есенцијални масни киселини, кои се неопходни за нивниот раст и за развој на мозокот.

126

Воведувањето на кравјото млеко во исхраната на детето не се препорачува пред детето да наполни една година бидејќи тоа не ги задоволува сите негови потреби во тој период, а дигестивниот систем на детето не е доволно развиен и не може да ги свари протеините од кравјото млеко.

Исто така, кравјото млеко нема доволно железо и есенцијални масни киселини, што може да предизвика анемија кај децата и негативно да влијае на развојот на мозокот.

Нема доволно количество на цинк, селен, јод, витамини А, Д, Ц и Е.

Од друга страна, кравјото млеко има големо количество протеини, кои ги оптоваруваат бубрезите и ја зголемуваат можноста за алергии.

Кравјото млеко има премногу натриум, калиум и хлор.

Меѓутоа, по првиот роденден веќе можете да започнете со воведување на кравјо млеко и тоа само полномасно. На децата им е потребна висока содржина на есенцијални масни киселини, кои се неопходни за нивниот раст и за развој на мозокот.

Полномасно млеко е потребно до втората година, а потоа е доволно млеко со 2,8% млечни масти. Детето во втората година треба да пие од 500 до 700 милилитри полномасно млеко на ден, а повеќе од ова не е пожелно, бидејќи тоа би го намалило внесувањето на други намирници, особено оние богати со железо и други основни хранливи материи.

Кога телото на вашето дете ќе биде подготвено за кравјо млеко, тоа ќе стане негов вреден сојузник – одличен извор на калциум, како и магнезиум и витамин А, важни за градење на коските и забите, но и за регулирање на коагулацијата на крвта и мускулната контракција.

Млекото обезбедува протеини за раст, но и јаглехидрати како извор на енергија.

Конзумирањето доволни количини на калциум на оваа возраст го намалува ризикот од развој на разни болести подоцна во животот – хипертензија (висок крвен притисок), фрактури на коските…

Некои деца тешко го прифаќаат воведувањето на кравјо млеко. Обидете се со мали количини на почетокот. Зголемете ја количината на кравјо млеко со текот на времето.

Може да се проба и да се меша со друга храна (житарки, зеленчук, овошје).

Ако детето продолжи да одбива млеко, обидете се да му дадете каша, гриз, пудинг, колач со млеко (кох)…

Ако вашето дете одбива да пие кравјо млеко и покрај вашите напори, не очајувајте, доволно е да конзумира иста количина (до 500 мл) ферментирани млечни производи (кисело млеко, јогурт, кефир), повремено да внесе во исхраната павлака, парче сирење или кајмка и детето ќе добие се што му е потребно за правилен развој.

Повеќе