Кога првпат ви пеат роденденска песна…(ВИДЕО)

Реакцијата на момчето на пеењето на неговото семејство стана вирална.
Видеото има неочекуван крај

53

Ненси Фризел и нејзиното семејство сакале да се погрижат нивниот најмлад член да не се исплаши кога сите ќе му ја пеат „Happy Birthday“ на неговата прва роденденска забава.

Решиле да му пеат неколку дена однапред за да не се шокира кога многу луѓе ќе почнат да му пеат и да гледаат во него, но нивниот прв обид не успеал.

Кога почнале да пеат, момчето збунето и речиси исплашено ги гледало.

Набрзо почнал да плаче и да вика, па морале да престанат да пеат и да го утешат.

Видеото на слаткото момче на Тик-Ток е прегледано 1,4 милиони пати, а многумина ги насмеала и ги трогнала неговата реакција.
„Ужасно ми е што ми е ова смешно“, „Покажете му го ова кога ќе порасне, сигурно ќе се насмее“, „Жал ми е што плаче, но многу ме насмеа“, се само дел од коментарите.

@nancyfrizzell1999

He is definitely not a fan, but hopefully we will get there before the big day 😬🤣🤣 #babytok #babyboy #funnyvideos #baby

♬ original sound – Nancy Frizzell
Повеќе