Kои се трите најчести причини за развод? Неверството и предавството се дури на третото место

Способноста да се разговара и заеднички да се решаваат проблемите игра витална улога во бракот.

5.866

Привлечноста, интересот и страста во врската исчезнуваат кога жената ќе престане да работи на себе.

За да ве слушне и разбере партнерот, треба да ја смените својата позиција во врската, вели психологот Ирина Молвинскаја.

Како што вели, најчеста причина за контактирање на психолог кога се размислува за развод се секојдневните проблеми.

„Како по правило, тука спаѓаат животни околности кои не дозволуваат партнерите да се чувствуваат удобно во врската.

На пример, недостаток на пари, заеднички живот со родители, прерано раѓање на дете и слично.

Во такви случаи, луѓето се преобразуваат од љубовни партнери во двајца цимери и ја губат топлата меѓусебна врска“, објаснила таа.

Друга причина за развод е недостатокот на комуникација, изјавил психологот.

„Зборуваме за случаи кога нема директен, отворен дијалог.

Способноста да се разговара и заеднички да се решаваат проблемите игра витална улога во бракот.

Од подготвеноста за дијалог зависи дали семејството ќе може да ја преживее кризата“, објаснила таа.

Неверството и предавството се дури на третото место.

„Тоа се екстреми, по кои многу ретко е можно да се врати семејството.

Но, по правило, во случај на предавство, предуслов за неверство повторно се семејните проблеми и недостатокот на дијалог меѓу сопружниците“, нагласила Молвинскаја.

Според неа, секој брак може да се спаси, дури и ако ситуацијата изгледа безнадежна.

Таа истакнува дека не постои таен рецепт за среќа.

„Врската може да се спаси ако двајцата сопружници се подготвени да ги анализираат своите постапки и да се променат заради нивната заедничка иднина“, заклучила таа.

Повеќе