Колку мандарини дневно смеат да јадат децата?

Колку мандарини дневно смеат да јадат малите деца, а колку основците? Алерголог ги открива последиците од претерувањето, а првите знаци се гледаат на кожата

294

Сега е сезона за мандарини, мали слатки агруми во кои уживаат и родителите и децата. Тие се мали, овошјето лесно се лупи ако е зрело, а ако е слатко, лесно можеме да изгубиме од вид колку сме изеле, што може да биде штетно за здравјето, особено за здравјето на децата.

Норма за основците е две мандарини дневно, а на децата до една година не треба да им се дава цитрусно овошје, вели рускиот алерголог д-р Алена Бондаренко.
„Дури и најздравиот производ може да биде штетен ако се јаде премногу. Воопшто не се препорачува да се хранат со мандарини деца под една година, но по првата година можете да почнете да давате една кришка од овошјето дневно. Дете од три години може да се почести со половина мандарина. Постарите деца и оние од предучилишната возраст можат да изедат цела мандарина. Помладите ученици можат да добијат две мали мандарини“, објаснила докторката.

Докторката забележала дека може да се појави осип на кожата како резултат од прејадување со агруми. Алена Бондаренко додава дека мандарините, како и секое друго цитрусно овошје, го зголемуваат апетитот. Затоа, не се препорачува да ги јадете пред вечера.

„За возрасен, нормата за мандарини е до пет парчиња средна големина дневно. Се препорачува да се распределуваат во текот на денот и да се јадат по порции, не наеднаш. Потребно е да се земе предвид дека колку е послатко овошјето, колку повеќе шеќер содржи, толку е поголем и гликемискиот индекс и затоа порцијата треба да биде помала“, објаснила докторката.

Повеќе