Лекарка во брза помош ги предупредила родителите кои работи треба да ги избегнуваат во вода

Популарните играчки и додатоци за капење во море, езера, реки или базени може да бидат опасни.

852


Популарните играчки и додатоци за капење во море, езера, реки или базени може да бидат опасни. За ова предупредила д-р Меган Мартин, која работи на одделот за итни случаи во детската болница Џон Хопкинс во САД.

Таа за Fox News Digital објаснила дека никогаш не би им давала одредени играчки на своите деца и ги советува другите родители да не ги купуваат.

Перниче за пливање за врат

Овие перничиња за врат се одлични теоретски бидејќи имаат за цел да ја држат главата на детето над вода, но некои може да имаат полоша страна.

„Прво, детето може да се задуши. Освен тоа, на родителите им дава лажно чувство на сигурност и ве тера да го одвратите вниманието, што никогаш не треба да го правите додека е детето во вода“, вели таа.

Мускули за пливање

Друга работа што ја споменува д-р Мартин се мускулите за пливање.

„Кога децата ги користат, мислат дека знаат да пливаат, но не знаат.

Можеби подоцна ќе скокнат во базенот без нив, а потоа ќе потонат на дното.

Исто така, за време на пливањето телото треба да биде во хоризонтална положба, а мускулите го држат во вертикална положба“, вели таа.

Големи душеци и гуми за пливање

Ако детето е мало и си игра со душекот, лесно може да се зароби под него и да остане под вода.

Опашки од сирена

Опашките од сирена се популарни во последно време, но д-р Мартин истакнува дека сè што го ограничува движењето на нозете или стапалата носи ризик од давење.

„Сакаме децата да можат да можат да мафтаат со нозете за да се вратат на површина.

Ако движењето е ограничено, можеби нема да можат да го направат тоа“, заклучила таа.

Повеќе