Мајка ги издвои симптомите кои довеле до дијагноза на дијабетес кај нејзиниот син (ВИДЕО)
Во видео на Тик-Ток оваа мајка ги објаснува симптомите кои довеле до дијагноза на дијабетес тип 1 кај нејзиниот помал син. Повраќање, запек, зголемена жед, често мокрење, поспаност и раздразливост, симптоми кои тие ги поврзувале со алергија на млеко.
Додека кај некои деца дијабетесот може да остане недијагностициран со години, кај други се појавува во форма на необични симптоми кои им укажуваат на родителите дека нешто не е во ред со здравјето на нивното малечко. Ова ѝ се случило на Лили Харгет, мајката која објави видео за тоа на нејзиниот профил на Тик-Ток.
Во видеото таа ги објаснува симптомите кои довеле до дијагноза на дијабетес тип 1 кај нејзиниот помал син. Овие знаци биле повраќање, запек, зголемена жед, често мокрење, поспаност и раздразливост. Со оглед на тоа што нивното постаро дете било алергично на млеко, сите овие симптоми ги поврзале со тоа.
„Меѓутоа, згрешивме кога мислевме дека сето ова е несакан ефект на алергија на млеко. Всушност, тоа беше дијабетес тип 1“, додала оваа мајка, на која ѝ се јавиле многу родители со слично искуство.
„Имавме идентични симптоми, на почетокот исто така немавме поим што е тоа, па дури и лекарите мислеа дека станува збор само за стомачна вироза. Набргу потоа, беше дијагностициран дијабетес“, напишала една мајка.