Дали знаете што е фабинг? Поради него умираат модерните бракови и врски

Phubbing (Фабинг) е кратенка од англискиот израз phone snubbing, што значи игнорирање или занемарување на некого во реалниот свет заради употреба на мобилниот телефон.

661

Една од навиките што укажува на незадоволство во врската е кога повеќе се забавувате на социјалните мрежи отколку со партнерот.

Колку пати си легнувате во кревет со партнерот и првото нешто што го правите е да го земете телефонот или да се вратите од работа и да гледате интересни видеа од социјалните мрежи за време на семејниот ручек. Ова однесување е класифицирано како феномен наречен фабинг, што според експертите е една од водечките причини зошто модерните бракови „умираат“.

Phubbing (Фабинг) е кратенка од англискиот израз phone snubbing, што значи игнорирање или занемарување на некого во реалниот свет заради употреба на мобилниот телефон.

Психолозите специјализирани за партнерски односи предупредуваат дека одредени навики на социјалните мрежи може да укажуваат на незадоволство во бракот, пишува веб-страницата YourTango.

Допишување со поранешниот партнер

Ако забележите дека сè почесто разговарате со пријатели од минатото, бивши партнери или флертувате со деловни познаници, а истовремено лајкувате или коментирате на нивните објави, можеби барате нешто на погрешно место.

Ја проверувате секоја порака, лајк или коментар, дури и доцна навечер или рано наутро. Можеби споделувате работи на мрежи што не ги споделувате со вашиот сопружник, криејќи го тоа од него и преправајќи се дека комуницирате со некој друг. Доколку се препознаете во овие навики, тоа е јасен знак дека нешто недостасува во вашиот брак.

Нон стоп сте онлајн

Ако поминувате премногу време проверувајќи ја мрежата додека вашиот партнер е тука, дискутирајќи на форуми и групи наместо да поминувате време со партнерот или дури и флертувате со луѓе што ги среќавате на интернет, можете да се оддалечите од партнерот на ментално и емоционално ниво. Овие навики можат да предизвикаат сериозни проблеми во врската или бракот.

Мрежите се позабавни за вас отколку вашиот партнер

Третата навика која укажува на незадоволство во врската е кога повеќе се забавувате на социјалните мрежи отколку со партнерот. Ако барате забава и возбуда гледајќи на Фејсбук, Тик-Ток или Инстаграм наместо квалитетно да поминувате време со вашиот партнер, тоа може да биде знак дека не го добивате она што ви треба во вашата врска. Иако аудио книгите, јазичните курсеви и истражувањата можат да бидат корисни, ако постојано барате забава на друго место наместо со партнерот, тоа е показател дека нешто недостасува во вашата врска.

Доколку се препознавате во овие навики, време е да имате сериозен разговор со партнерот. За да напредува врската, и двајцата треба да се фокусирате на врската, а не на социјалните мрежи.

Повеќе