Мајка покажала како го учи детето да не допира штекери (ВИДЕО)

Да, да, велат некои родители, ако го исплескате по газот можеби нема да фаќа штекери, ама ќе стане насилник.
Што мислите вие, кој е вашиот начин?

498

Штекерите се многу интересни за бебињата и малите деца, но возрасните знаат колку можат да бидат опасни за децата. Кога станува збор за струја, многу е важно да ги научите децата на некои безбедносни правила, а идеите како да се постигне тоа варираат од родител до родител.

Така, една мајка ги разбранува страстите објавувајќи видео на ТикТок во кое покажа како да го учи детето да не ги турка прстите во штекер. На постарата ќерка ѝ дала кукла, таа се преправала дека ги турка прстите на бебето-кукла во штекерот, па со влечката по газот „ја казнила куклата“. Помладото братче внимателно ја следи ситуацијата и наводно, треба да сфати дека ако се приближи до штекерот и него ќе го снајде истата судбина, односно, ќе си добие по газот.

Видеото за месец и половина собрало дури 41 милион прегледи, но предизвикало и негодување кај повеќето луѓе.
„Да, има смисла. Го учам детето да не го допира штекерот и да стане насилник“, „Вака се воспитуваат насилници“, „Детето воопшто не ја разбира пораката, туку гледа како тепаат друго дете (кукла). Не се чудете ако за некоја година не му го направи тоа самиот на некое друго дете”, „Браво, мамо! Зар не е полесно да купите капачиња за штекери?“, се дел од коментарите.

Кој е вашиот начин, како вие ги учевте вашите деца да не ги допираат штекерите.

Повеќе