Мајка споделила супер трик со кој секогаш го добива вниманието на своите деца

Мајка на три деца, во видео на Тик-Ток вели дека ѝ е доста од постојаното викање од приземје за да ги викне децата на вечера, па решила да биде креативна и да си го реши проблемот.

138

Една мајка сподели генијален трик на Тик-Ток што го користи секогаш за да го привлече вниманието на своите деца. Таа во видеото истакнува дека ѝ е доста од постојаното викање од приземје за да ги викне децата на вечера, па решила да биде креативна и да си го реши проблемот.

Таа инсталирала безжична зона во секоја од собите на нејзините три деца за да може да ги повика кога ќе ѝ требаат, без да мора да вика за да ја слушнат. За да ѝ олесни и да не се збуни, секое ѕвонче го вградила и во кујнскиот елемент и над него го напишала името на детето за случајно да не повика друго дете.

Освен што го споделила видеото, таа во описот пишува зошто се одлучила на ова решение. „Дали уште некому му е тешко да вика, да биде игнорирано и да трча по децата за да ги собере на вечера? Вчера ги најдов овие мали чуда на интернет и одлично функционираат! Можете да ги залепите каде било, тие се целосно безжични и нивните сигнали не се мешаат еден со друг. Сега можам убаво да ги повикам децата без фрустрација од викање на цел глас“, напиша Шели.

@shellwalker813

Anyone else sick of shouting upstairs, being ignored then running up to get the kids down for dinner?! I found these little beauties online yesterday that have worked a treat! You can stick them anywhere, they’re fully wireless and they do not interfere with each other’s signals. Now I can call the boys nicely without the frustration of shouting my head off 😂 #parenting #parentinghacks #doorbell #dinnersready #boymum #mumsoftiktok #parents #yes #comeondown #quietlife #modernfamily

♬ original sound – shellwalker813

Реакциите на видеото се различни, но на повеќето им се допаѓа идејата. Некои дури напишале дека веќе користат нешто слично на ова и се воодушевени.

„Добра идеја, но не функционираше со моите деца. Тие ги извадија батериите”, „Се сеќавам кога тато го користеше ова за нас. Функционираше додека не сфативме дека „ѕвонењето“ престанува кога ќе ги извадиме батериите“, „Зошто едноставно не се качите горе и не им кажете дека вечерата е на маса?“, „Ние користиме вештачка интелигенција на главниот звучник, тие веднаш се долу кога ќе се вклучи“, се дел од коментарите.

Повеќе