На Клиниката за гинекологија родено е бебе во амнионска обвивка (Сензитивни фотографии)

Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаат посебни амнионски обвивки и посебни постелки, а породувањето било извршено со царски рез.

706

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска било родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка.

Родилката со близначка бременост се породила во 34-тата гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаат посебни амнионски обвивки и посебни постелки, а породувањето било извршено со царски рез.

Породувањето го изврши примариус д-р супспецијалист Адела Стефанија и бебињата се преземени од педијатар супспецијалист Рената Димитриеска. Тие се наоѓаат на ОИНТ и се во добра состојба.

Машкото бебе има 2.210 грама родилна тежина и се родило со апгар 8/9, а женското бебе, кое било извадено со амнионската обвивка, е тешко 2.150 грама и е со апгар 7/8.

Повеќе