Научниците утврдиле со кој метод најбрзо се заспива детето – за 13 минути

Многу родители страдаат затоа што нивното бебе плаче ноќе, а ова е докажан метод за заспивање, предложен од научниците. Потребни се, како што е наведено, само 13 минути.

3.685

Детето треба да се држи блиску до телото и да се носи пет минути со рамномерно темпо без нагли движења, напишале научниците во магазинот „Current Biology“. Кога детето ќе заспие, родителот треба да продолжи да го држи во раце и така да седи уште пет до осум минути пред да го стави во креветчето.

„Многу родители страдаат затоа што нивното бебе плаче ноќе. Ова, особено за неискусните родители, е голем проблем кој може значително да го подигне нивото на родителски стрес и во ретки случаи дури и да доведе до малтретирање на детето“, вели еден од авторите на студијата, Куми Курода од научниот институт Рикен во Јапонија.

Таа и нејзините колеги гледале како реагираат децата во четири ситуации: додека нивните мајки ги држат во раце додека се движат, додека ги држат во раце во седечка положба, додека лежат во креветот на детето и во ситуација кога нежно ги нишаат.

Нивното однесување го снимиле камерите, а уредите за ЕКГ им го мереле пулсот.

Расплаканите деца се смириле по само 30 секунди носење, а половината заспале. Но, ако мајките веднаш ги спуштат во креветчињата, третина од бебињата би се разбудиле во рок од 20 секунди. Тоа се случувало многу поретко кога мајките ги држеле во раце уште неколку минути откако ги заспале.

Повеќе