Навики поради кои децата често се разболуваат: Вашето дете не треба да ги допира овие 7 делови од телото

Едноставните секојдневни навики, како грицкање нокти или допирање на лицето со нечисти раце, може да доведат до сериозни болести кај децата, предупредуваат експертите.

396

Децата се често болни, особено ако одат во градинка или посетуваат некои активности и штотуку почнуваат да стекнуваат имунитет. Но, за да не ја зафатат секоја болест која им се заканува, педијатрите советуваат децата да не допираат одредени делови од телото. Имено, нечистите раце можат да доведат до бројни инфекции и болести. Освен тоа, со допирање на одредени делови од телото се зголемува веројатноста детето да рашири некои вируси, пишува Parent Circle.

Едноставните секојдневни навики, како грицкање нокти или допирање на лицето со нечисти раце, може да доведат до сериозни болести кај децата, предупредуваат експертите.

Еден од нив е Кели Рејнолдс, вонреден професор на Zuckerman College of Public Health на Универзитетот во Аризона, која забележува дека родителите треба да ги учат децата уште од мали нозе да избегнуваат често допирање на одредени делови од телото, особено ако претходно не ги измиле рацете.

Како што објаснува Рејнолдс, децата треба да избегнуваат допирање на внатрешноста на увото, лицето, носот, усната шуплина, очите, ноктите на рацете и задникот. Имено, секој од овие делови од телото на децата е особено чувствителен на вируси и бактерии, а допирањето со нечисти раце може да придонесе за ширење на инфекцијата. Рејнолдс додава дека добрата хигиена е од суштинско значење за да го одржите вашето дете здраво и заштитено од болести.

Повеќе