Не е лесно да се биде млад, особено денес: Треба да земеме предвид некои работи пред да ги критикуваме помладите генерации

Тинејџерите се секогаш тинејџери. Тоа што ние денес се жалиме на однесувањето на младите не значи дека во минатото не сме се однесувале потполно исто или уште полудо, ако ме прашувате мене. Единствената разлика е што нашите грешки и глупости се заборавени. Секоја глупава или несоодветна работа што ја прават денешните тинејџери може да се документира и да се сподели на социјалните мрежи

162

Ако ги памтите песните од „Прљаво казалиште“, веројатно ѝ припаѓате на генерацијата Икс (X), односно, луѓето родени помеѓу 1960-1980. година. Меѓудругите песни на овој хрватски бенд голем хит беше и онаа: „Сѐ е лесно кога си млад, секое одело добро ти стои, секоја рана помалку боли“ (Све је лако кад си млад, свако одјело добро ти стоји, свака рана мање боли… о да о да о да).

Така ни велеа и родителите, мислам, нам, на генерацијата Икс.

Ние пак сега го мислиме истото за нашите деца.

Како тинејџери сигурно често сте наидувале на критики од постарите генерации, дека сте премногу нечувствителни или премногу чувствителни, дека сте мрзливи и ништо не фаќате дома, дека многу шетате, пушите, пиете, спиете. Да, родителите имаат секогаш толку многу забелешки и тие се најчесто сосема на место.

Иако секоја генерација мисли дека е подобра од таа по неа и дека децата и младите во нивно време биле илјада пати подобри, тоа сепак не е баш така. Ние, генерацијата Икс (а уште повеќе од нас, го мислеа за нашата генерација истото нашите родители, Бумерите) можеме едноставно да си мислиме дека на денешните деца, без оглед дали се тоа милениумци, генерација З или генерација Алфа, не може ништо да им недостасува? Имаат загарантирана храна, облека и покрив над глава, најнови мобилни телефони и технологија, а сепак цело време се жалат за нешто.

Тинејџерските години сами по себе се многу предизвикувачки период од животот, но од неколку многу едноставни причини, да се биде тинејџер денес е многу потешко и попредизвикувачко отколку пред неколку децении кога ние сме биле тинејџери (или кога нашите родители биле тинејџери).

Всушност, онаа песна од почетокот, сега би звучела вака: Не е лесно да се биде млад, особено во денешно време! Зошто е потешко да се биде млад човек денес отколку што беше, на пример, пред 30 години? Ајде да дознаеме подолу.

Секоја глупост што ја правите е документирана засекогаш

Тинејџерите се секогаш тинејџери. Тоа што ние денес се жалиме на однесувањето на младите не значи дека во минатото не сме се однесувале потполно исто или уште полудо, ако ме прашувате мене. Единствената разлика е што нашите грешки и глупости се заборавени и можеме само да си ги прераскажуваме и да се потсетуваме на нив меѓусебе.

Секоја глупава или несоодветна работа што ја прават денешните тинејџери може да се документира. Некој секогаш го снима она што подоцна се споделува на социјалните мрежи, па се памети засекогаш. Можеби нивните родители имале некои диви епизоди и авантури од нивната младост, сепак – ако го повторат тие истото денес и има некој со мобилен во близина, тоа навистина може да ги следи до крајот на животот.

Нездрави и претерано високи очекувања
Да се ​​биде тинејџер е исцрпувачки. Можеби како никогаш досега, денешните тинејџери се под притисок да бидат одлични, да одат на разни натпревари и да учествуваат во илјада и една воннаставна активност, за да можат да влезат во добро средно училиште или да се натпреваруваат за прием на факултет. Денес рампата е многу подигната и не е како во минатото само со добри оценки да можеш да се запишеш каде сакаш. Да не ги заборавиме родителите кои сакаат да објавуваат слики со пофалници и признанија на социјалните мрежи и редовно да се фалат со успесите на своите деца, кои потоа чувствуваат притисок следниот пат да направат уште подобро и уште посилно.

Развивање на комплекси
Општеството е многу ориентирано кон социјалните медиуми и мрежи. Сѐ е објавено на Инстаграм, Снепчет, Тик-Ток или Фејсбук каде се наметнуваат одредени стандарди за убавина, што е кул и убаво или што воопшто не е. Затоа, младите сакаат да ги достигнат овие стандарди, да изгледаат и да се однесуваат како луѓето што ги следат на мрежите. Ова води до несвесно развивање на комплекси дека тие не се доволно добри, па дури и до точка на слом или некаков проблем со менталното здравје. Тоа порано не постоело, ние и нашите родители можевме да уживаме само во плакатите на познатите актери или пејачи и дефинитивно не се чувствувавме лошо, бидејќи немавме социјални мрежи на кои би се изложиле на сите „совршености“ кои денес се наметнуваат.

Проблеми со менталното здравје
Некогаш децата сигурно имале проблеми со менталното здравје, но овој проблем не бил толку познат како денес. Денес, децата имаат поголем ризик да се соочат со проблеми со менталното здравје, како што се анксиозност, стрес или депресија.

Ова повторно може да биде резултат на различни фактори, како што се притисокот од училиштето, конкуренцијата, иднината или зголемените очекувања што околината ги има од нив.

Повеќе