Не се пржете на сонце! Предупредувачки знаци на рак на кожа може да се развијат по само 15 минути под силните сончеви зраци

Cancer Research UK, најголемата светска независна организација за истражување на ракот, ги повикува луѓето да внимаваат на овие рани предупредувачки знаци на рак на кожата, кои можат да произлезат од само 15 минути на сонце и да се развијат во потенцијално фатален рак во рок од само четири недели.

219

Иако сите со нетрпение го очекуваме летото во текот на целата година, сепак се советува да избегнувате да поминувате премногу време на силното сонце.

Неодамна го преживеавме првиот топлотен бран за ова лето, а којзнае уште колку ни претстојат.

Температурите се искачија на речиси 40 степени и крајно време е, доколку веќе не сте, сериозно да ги сфатите предупредувањата за избегнување на силното сонце.

Ако сепак, поминувате многу време на сонце, треба да обрнете особено внимание на знаците на рак на кожата и веднаш да се јавите кај вашиот лекар доколку забележите некој од овие симптоми.

Рани симптоми

Експертите од клиниката Мајо тврдат дека ракот на кожата може да се предизвика по само 15 минути поминати на сонце без заштитна крема и дека можете да изгорите дури и ако имате заштитна крема, но ако таа нема доволно висок заштитен фактор или доколку не ја обновувате редовно за време на престојот на сонце.

Cancer Research UK, најголемата светска независна организација за истражување на ракот, ги повикува луѓето да внимаваат на овие рани предупредувачки знаци на рак на кожата, кои можат да произлезат од само 15 минути на сонце и да се развијат во потенцијално фатален рак во рок од само четири недели.

Изгорениците од сонце го зголемуваат ризикот од развој на рак.

Изгорениците се оштетување на кожата и реакција на телото што се обидува да ја обнови.

Ова е јасен знак дека ДНК во вашата кожа е оштетена од преголема изложеност на УВ.

Ако сте изгореле еднаш, тоа не значи автоматски дека ќе заболите од рак на кожата, но колку заработите повеќе изгореници во текот на животот, толку е поголем ризикот од добивање на болеста.

Затоа е важно да се трудите да останете под сенка, особено помеѓу 11 и 16 часот, да носите широка облека, да носите капа со широк обод и очила со УВ заштита, како и да нанесете заштитна крема со најмалку фактор 30 и тоа, да ја нанесувате обилно и редовно, велат експертите.

Тие исто така додаваат дека немеланомните тумори на кожата најчесто се развиваат на кожа изложена на сонце, а за да може да ги забележите знаците на рак што е можно порано, корисно е да знаете како вообичаено изгледа вашата кожа.

Така, ќе ви биде полесно да забележите какви било промени.

За да ги испитате областите на кожата кои не се лесно достапни, можете да се обидете да држите мало козметичко огледало во раката и да го набљудувате одразот на кожата во друго огледало.

Или можете да побарате од партнерот или пријател/ка да ве прегледа.

Ова е особено важно ако поминувате многу време на отворено секој ден, било за работа или за одмор.

Можете исто така да снимите сè што не изгледа како што треба.

Туморите на кожата може да изгледаат многу различно. Можат да бидат:

точка или рана
јазол
црвена или темна дамка
Да ве чеша, да крвари или да има краста

Колку порано се открие ракот на кожата, толку е полесно да се лекува.

Затоа, важно е што поскоро да се обратите на лекар доколку забележите некаква промена на кожата, предупредуваат експертите.

Повеќе