Некое дете го удри вашето? Како да реагирате во ваква ситуација?

Многу е веројатно дека сите родители во одреден момент ќе бидат во слична ситуација, на оваа или онаа страна. Важно е да реагирате правилно, смирено, но сигурно, да им покажете на вашите деца и на другите како најдобро се решаваат проблемите за да се дојде до ситуација која ќе биде фер кон сите. Какво е вашето искуство?

412

Вашата реакција на сцена во која некое дете го удира вашето има многу поголема моќ отколку што можеби мислите. Имено, вашето дете ќе гледа како вие се справувате со оваа ситуација и тоа ќе му постави основа по која тоа ќе се однесува и според која ќе ги перцепира сопствените силни чувства.

Колумнистката за совети на форумот Parents.com, д-р Емили Едлин објаснува како ќе бидете поефикасни и посовесни во спроведувањето на одредени методи во такви ситуации.

Најважно од што треба да започнеме е да запомниме дека нашите деца, како и туѓите деца, секогаш го гледаат нашето однесување. Можеби не изгледа така затоа што не ги средуваат играчките иако гледаат како ние го правиме тоа, но децата навистина обрнуваат внимание на тоа како реагираме, особено во стресни ситуации.

Останете смирени

Ако друго дете го удри вашето, а родителот на другото дете не интервенира, вие можете, вели Едлин. Пријдете му на вашето дете и уверете се дека е добро. Мирно кажете му на другото дете дека изгледа како да го повредило вашето и го растажило. Овој вид на дејство би можело да му даде на знаење на другиот родител и тој да направи или да каже нешто. Вашата мирна реакција исто така му покажува на вашето дете дека сè е под контрола.

„Она што сакам да го кажувам е лекцијата за свесност“, вели Едлин. Накратко, практиката на свесност му помага на нашиот мозок да остане смирен во стресни ситуации кои предизвикуваат силни емоции. На крајот на краиштата, овој степен на смиреност ни помага да одговориме најдобро што можеме.

Како функционира?

Практикувањето на свесноста развива силна свест за мислите и чувствата во сегашниот момент. Со самиот чин на признавање на себеси во одреден момент – мојот гнев расте и може да изгубам контрола; Сакам да му удрам шлаканица на тој родител како што неговото дете го удри моето – во комбинација со длабоки вдишувања за да го контролираме тој гнев, ни помага да реагираме поефикасно.

Што ако инцидентот се повтори?

Колку што сте еволуирале преку практикување на свесност, вие исто така сакате да бидете подготвени за ситуација кога повторно ќе се случи сличен инцидент. Тогаш проблемот станува поструктурен по природа. Секое дете во групата заслужува да се чувствува безбедно, а постојаното агресивно однесување со кое возрасните не се справуваат правилно го попречува тоа чувство на сигурност.

Ако истото дете повторно го повреди вашето дете, следете ги истите стратегии опишани погоре. Потоа пријдете му на родителот или старателот кој бил одговорен за децата во моментот на инцидентот и изразете ја вашата загриженост. Дознајте кои чекори планира да ги преземе за да го реши проблемот. Ќе треба да се постават јасни граници и очекувања, затоа погрижете се таквите мерки да бидат преземени од одговорните за тоа дете.

Многу е веројатно дека сите родители во одреден момент ќе бидат во слична ситуација, на оваа или онаа страна. Важно е да реагирате правилно, смирено, но сигурно, да им покажете на вашите деца и на другите како најдобро се решаваат проблемите за да се дојде до ситуација која ќе биде фер кон сите вклучени страни.

Повеќе