Нема да се предомислам: Жена наведува 5 причини зошто не сака да има деца (ВИДЕО)

Иако многумина сметаат дека со оглед на тоа што станува збор за 25-годишна жена, постои веројатност да го смени ставот, оваа Австралијанка тврди дека нема никогаш да се премисли во однос на децата. Што мислите за овие ставови?

898

Индиана Најт од Австралија цврсто одлучила дека нема да има деца. Дваесетипетгодишната шминкерка признава дека е „себична“ и повеќе би сакала да оди на вечера и да спие наутро колку што сака, отколку да се грижи за деца.

Таа смета дека нејзината филозофија е едноставна и бара од другите да не се лутат ако не се согласуваат затоа што секој има право на свој живот. Како што вели, нема да го смени мислењето во однос на децата.

Оваа млада жена тврди дека ја има поддршката од нејзиниот партнер, кој исто така одбива да има деца, а причините поради кои донеле таква одлука ги навела на ТикТок.

Децата се скапи
„Ние не сме против родителите и верувам дека можете да имате исполнет живот со деца. Но, доволно е тешко да си дозволите нормален живот, како можете да си дозволите и деца“, се прашува таа.

Германските медиуми неодамна објавија дека до 18 години детето чини речиси 165.000 евра.

Карактер
Индијана вели дека никогаш не била тип кој знае да се грижи за деца.

„Јас сум личност која не знае што да прави со децата. Никогаш не ги сакав. Мојот сопруг е најстар од четирите деца и раните години ги помина грижејќи се за своите браќа и сестри. Тој го направи својот дел и не сака да го прави тоа повторно“, продолжува таа.

Работа
Понатаму, Индијана вели дека премногу ја сака својата работа, но и дека ѝ одзема многу време и енергија и понекогаш ѝ предизвикува стрес. Затоа вели дека не би можела паралелно да воспитува дете.

@indiannaknight

Dog parent and cool aunty for life 😎 #dink #childfreebychoice

♬ original sound – Indi

Себични причини
На четврто место се себичните причини. Оваа млада жена не е подготвена да се откаже од долгото спиење, попладневните дремки и безгрижните вечери со партнерот.

„Јас и мојот сопруг се ставаме еден со друг на прво место“, објаснува таа.

Децата се бучни
На крајот, Индијана вели дека не сака дополнителна врева во нејзиниот дом. Таа тврди дека е интроверт кој ја сака тишината во својот дом.

Што мислите за овие ставови?

Повеќе