Невролог откри што се случува со умот на детето додека игра видео игри

Мозокот на детето во развој сè уште учи како да прави разлика помеѓу реалното и нереалното. Видео игрите го збунуваат тој процес.

199

Видео игрите може да имаат негативен ефект врз умот на детето доколку се играат предолго и премногу често. Според неврологот д-р Дин Барнет, видео игрите даваат премногу стимулација.

„Фронталниот лобус на мозокот добро реагира на тоа. Затоа видео игрите се интересни, но исто така значи дека децата може премногу да се вознемират кога работите не одат според планираното. Видео игрите ги потиснуваат негативните емоции, а тие чувства можат да избувнат како лутина“, тврди тој, а пренесува The Sun.

Тој исто така истакнува дека видео игрите можат да ја намалат меморијата. Бидејќи се интересни, децата ќе запомнат детали, но студиите покажаа дека прекумерната употреба на екрани и уреди може да блокира други сеќавања.

„На пример, ако вашето дете инсистира да игра игри за време на патувањето, веројатно нема да се сеќава на некои настани, што му го ускратува искуството на поврзување со семејството. Тоа е исто така штетно за учењето“, вели д-р Барнет.

Покрај горенаведеното, мозокот на детето во развој сè уште учи како да прави разлика помеѓу реалното и нереалното. Видео игрите го збунуваат тој процес.

„Ова значи дека детето нема да размислува за купување додатоци за игри. Нема да сфаќа дека се тоа вистински пари на неговите родители. Или, уште полошо, нема да размисли околу комуникацијата со опасен странец кој изгледа пријателски настроен”, додава неврологот.

Како да му помогнете на детето?
Психологот Ема Кени има совети за родителите кои се загрижени заради навиките на нивните деца да играат видео игри.

„Ако детето се вознемири кога ќе му кажете да престане да игра, веднаш направете строг распоред за тоа кога се дозволени игрите и вклучете паузи. Ако забележите дека игрите му пречат во учењето, дозволете ги само кога ќе ја заврши домашната задача. Ако детето не го интересира ништо друго освен видео игрите, креирајте распоред на неделни активности кои вклучуваат време поминато со вас, со пријателите и на отворено“, советува таа.

Повеќе