Ново истражување: Половина од децата во Хонг Конг се физички казнувани од нивните родители

Една неодамнешна студија спроведена во Хонг Конг покажала дека речиси половина од децата доживуваат физичко казнување или навредливи коментари од нивните родители, пишува NextShark. Дали вам ви се случило да ги казнувате физички вашите деца?

327


Неодамнешно истражувањето, спроведено од невладината организација против злоупотреба на деца (АЦА), покажало дека насилните дисциплински техники сè уште се типични во домаќинствата во Хонг Конг.

Во периодот од ноември 2021 до јануари 2022 година, организацијата анкетирала вкупно 677 деца на возраст од 6 до 17 години. Организацијата интервјуирала и 470 родители со деца на возраст од 3 до 17 години.

49 отсто од децата рекле дека претрпеле физичко казнување, 45 отсто слушнале навредливи коментари, а 68 отсто родителите ги карале. Во извештајот на ACA се наведува дека злоупотребата, физичкото казнување и другите дејствија што ги понижуваат децата можат да му наштетат на нивното ментално здравје.

„Некои родители ги тепаат своите деца и не сфаќаат дека детето потоа се чувствува несигурно и исплашено. Повторувањето на таквото однесување, како и емоционалната уцена, ќе предизвика психолошка штета на децата”, вели Кари Лау Ји Хун, водителка за развој и обука на оваа организација.

60 отсто од родителите признале дека физички ги казнувале своите деца. Речиси 80 отсто од нив рекле дека искусиле слични методи на дисциплинирање додека растеле. 96% откриле дека ги карале своите деца, додека 75% признале дека им давале навредливи коментари.

„Имав случаи кога родителите кои физички ги казнуваа своите деца ми кажаа дека знаеја дека тоа не е во ред, но тие биле толку уморни или под стрес што изгубиле контрола“, додала Лау Ји Хунг.

Заканата со откажување најмногу му наштетува на односот меѓу децата и родителите. Само 23 деца од учесниците во оваа студија, кои изјавиле дека добивале такви закани, се сметаат за блиски со нивните родители. Околу 480 деца, кои ретко или воопшто не доживеале физичко казнување, се сметаат за блиски до своите родители.

Меѓу учесниците имало 34 проценти од децата кои рекле дека не знаат што е психичко малтретирање, додека 16 проценти рекле дека можеби го доживеале. Што се однесува до родителите, 16 отсто признале дека не знаат што е психичко малтретирање, додека 24 отсто рекле дека не се сигурни дали ги подложиле своите деца на ваков вид на казна.

Повеќе