Од кои ембриончиња сакате, свежи или може и постари? Во САД родени близнаци од 30 годишни ембриони

Имав 5 години кога Господ им даде живот, а сега сум им татко, изјавил Филип Ридгвеј, татко на близнаци кои се родиле од ембриони кои речиси три децении стоеле во резервоар со течен азот. Зачетоците биле донација од анонимен пар за Националниот центар за донирање ембриони во Ноксвил, САД. Замрзнати во 1992, тие биле донирани во 2007 година, а се родиле на 31 октомври 2022. Како ви звучи сето ова?

159

На 31 октомври годинава во САД се родиле близнаци од 30 години замрзнати ембриони, што е апсолутен рекорд во светот.
Рејчел и Филип Ридгвеј, брачна двојка од САД, родиле близнаци кои биле замрзнати како ембриони на 22 април 1992 година. Ова е дефинитивно рекорд кога станува збор за раѓање на здрави деца од замрзнати ембриони.

Рејчел и Филип се одлучиле за таканареченото усвојување на ембриони и побарале од центарот за донации да бидат ембриони кои, од која било причина, тешко можат да најдат приматели.

„Никогаш не одлучувавме колку деца сакаме да имаме. Секогаш мислевме дека ќе има онолку колку што сака Бог. Кога слушнавме за посвојувањето ембрион, знаевме дека тоа е нешто што сакаме да го направиме. Не сакавме да добиеме ембриони што бил замрзнат најдолго на светот. Ги сакавме само оние кои најдолго чекале“, рекол Филип, а потоа ги открил неверојатните детали:

„Всушност е доста чудно. Јас сум имал 5 години кога Бог им дал живот на Лидија и Тимотеј. На некој начин тие се нашите најстари деца, иако се најмали“.

И колку да нема нејаснотии. Овој брачен пар не е од оние кои од желба за потомство испробале сѐ, па конечно дошле до оваа варијанта. Не, тие веќе имаат четири деца на возраст од 8, 6, 3 и 2 години. Сите се добиени по природен пат, без асистирано оплодување или дарување јајце-клетки.
Најновите две, близнаците Лидија и Тимоти биле создадени за анонимна брачна двојка која користела ин витро оплодување. Ембрионите биле замрзнати на 22 април 1992 година, стоеле речиси три децении во резервоар со течен азот, а потоа биле донирани на Националниот центар за донирање ембриони во Ноксвил во 2007 година за да може да ги користи некоја друга двојка.

Во меѓувреме, а пред неколку години и во соседна Србија, се пишуваше за црниот пазар за ембриони кои функционира таму, иако, сите жени или двојки кои не можеле да раѓаат деца по природен пат, „купувале бебиња“ на клиниките во Чешка, Македонија, Грција или Шпанија по цена од околу 5.000 евра,

Оваа цена важела и за ембрион и за јајце клетка, а во светот во таа цена е вклучена и предимплантациска генетика, бидејќи. сепак, донираните ембриони не се биолошки деца, а кога ќе се погледнат можните компликации, има многу етички и хумани кодекси кои треба да се земат предвид.

Повеќе