Основачот на Eтереум сака да ги замени трудниците со синтетички матки

Основачот на криптовалутата Етереум, Виталик Бутерин, понуди решение за падот на наталитетот и родовата нееднаквост. 27-годишникот објави на Твитер контроверзен предлог бременоста да се замени со синтетички матки.

391

„Синтетичката матка би го отстранила тешкиот товар на бременоста, значително намалувајќи ја нееднаквоста“, напиша тој.

Тој приложи и графикон кој покажува како заработката на жените значително се намалува по раѓањето на детето, што не е случај кај мажите. Затоа, тој смета дека товарот на бременоста треба да се префрли на вештачки матки, кои би ги имитирале состојбите во мајчината утроба и би им овозможиле на жените да работат повеќе.

Предлогот го одобрува основачот на дигиталната платформа Gumroad, Сахил Лавинги, кој смета дека оваа технологија „ќе го направи раѓањето деца многу побрзо, полесно, поевтино и подостапно“.

Предлогот доби поддршка од неколку технолошки магови, но предизвика бес кај феминистките, кои тврдат дека биолошката бременост не е голема пречка за родовата еднаквост. Наместо тоа, тие укажаа на високите трошоци за одгледување деца, ограничената државна поддршка и широко распространетиот сексизам. Некои ги истакнаа позитивните аспекти на бременоста, а на Бутерин му порачаа дека е „одвоен од реалноста“.

Решението на Бутерин дојде откако Елон Маск неодамна изрази загриженост дека „цивилизацијата ќе пропадне ако луѓето немаат повеќе деца“.

Шефот на Tesla и SpaceX смета дека нискиот наталитет, кој рапидно опаѓа, е „еден од најголемите ризици за цивилизацијата“.

Нема доволно луѓе. Ако луѓето немаат повеќе деца, цивилизацијата ќе пропадне. „Запомнете ги моите зборови“, порачал тој на еден настан на Wall Street Journal кон крајот на 2021 година.

Повеќе