Ова се симптоми кои не смееме да ги игнорираме по породувањето

Според Клиниката во Кливленд, понекогаш може да има некои симптоми кои укажуваат дека не се работи само за нормално закрепнување од породувањето, туку и за посериозен здравствен проблем кој бара лекарски преглед.

579

Дa се донесе дете на свет е неверојатно искуство за секоја жена, но секое породување, како и секое закрепнување после породувањето е различно. Постпарталниот период, често нарекуван четврто тримесечје, може да дојде со одредена количина на непријатност. Треба да се очекува дека новопечената мајка ќе почувствува одредени болки, замор и емоционални промени. Нејзиното тело претрпело големи промени, а хормоните исто така се менуваат.

Според Клиниката во Кливленд, понекогаш може да има некои симптоми кои укажуваат дека не се работи само за нормално закрепнување од породувањето, туку и за посериозен здравствен проблем кој бара лекарски преглед.

Гинекологот Салена Заноти открива кои симптоми по породувањето не треба да ги игнорираме. Тоа се:

обилно крварење
неподносливи стомачни болки или грчеви кои не поминуваат
интензивна главоболка
запек кој трае повеќе од неколку дена
често мокрење или чувство на печење
болка во нозете
болки во градите или проблеми со дишењето
големо чувство на тага или беспомошност што не поминуваат.

Повеќе