Овие работи ги правиме поинаку од нашите родители, но не значи дека е тоа лошо

Отсекогаш постоел генерациски јаз меѓу различни генерации и тоа не е ништо необично бидејќи работите постојано се менуваат. Некогаш ни се чини дека порано било подобро, а некогаш дека сега е неспоредливо подобро…

320

Не е тајна дека различните генерации не се разбираат баш секогаш.

Згора на тоа, генерациските „војни“ можат да бидат доста исцрпувачки, особено кога станува збор за родители и деца. Сосема е очекувано и нормално децата кои стануваат родители да не ги прават истите работи како нивните родители.

Понекогаш работите се менуваат на подобро, понекогаш на полошо. И секогаш оние што менуваат нешто, мислат дека така е подобро…

На пример, сигурно многу родители денес би можеле да живеат многу добро без неделите полни со активности над кои многу баби и дедовци се згрозуваат.

А од друга страна, сигурно многу родители се горди на фактот дека нивните деца се сестрани и имаат многу можности, кои тие ги немале.

Така почнала објавата на Редит, во која многумина кажуваат кои нешта се дефинитивно поинакви денес отколку кога денешните родители биле деца.

Или кажано со модерни термини – што прават генерацијата Х и милениумците поинаку, но никако полошо од нивните родители, односно, најчесто, бејби бумерите.

Еве неколку работи за кои родителите денес се надеваат дека нивните родители ќе ги разберат, иако тие тоа не го правеле ниту приближно така.

Терапијата е добра

Ова е многу честа тема кога се зборува за разликите меѓу овие генерации.

Ова е нешто што многу од денешните родители често го истакнуваат како една од лошите страни на воспитувањето на нивните родители и нешто за што речиси без исклучок би им префрлиле на своите родители.

За родителите на денешните родители, одењето на терапија значело дека нешто не е во ред. Тоа имплицирало дека нешто навистина длабоко и трагично не е во ред со тебе.

Ако некој требало да оди на терапија, тоа го правел во тајност.

Кога денешните родители објавуваат на социјалните мрежи што им кажал нивниот терапевт, нивните родители паѓаат во несвест. И не е дека не им требала помош за нивното ментално здравје.

Едноставно не ја барале ниту ја добивале.

Она што денешните родители сакаат да им го кажат на своите родители е дека одењето на терапија не мора да значи дека „направиле нешто лошо“.

Напротив, многу луѓе користат терапија за справување со разни детски трауми, без кои никој не може да помине низ детството…

Дијагнозата им помага на нашите деца (и нам)

Колку често слушате од генерацијата на бејби бумерите реченица како: „Кога бевме деца, немаше толку многу аутизам и АДХД.

Едноставно не сте ги нарекувале со тие имиња затоа што не сте ги дијагностицирале.

Наместо тоа, сте зборувале за „оној чуден сосед кој зборува само за возови и постојано јаде иста храна“ или за „детето на комшијата кое е живо како живо сребро и немирно како ѓавол“.

Невродивергенцијата постои од почетокот на времето.

Нема повеќе аутизам или АДХД. Нема веродостојни податоци за да го поддржат ова.

Она што се зголеми е нашата способност да ги процениме и дијагностицираме состојбите на менталното здравје на луѓето.

Денес, тој сосед би ја добил потребната помош за да напредува.

Тоа е добра работа.

Твоето тело е во ред
Еден од најголемите камени на сопнување меѓу денешните родители и нивните родители е, освен терапијата, темата за тежината и сликата за телото.

Нашите родители – особено нашите мајки – беа воспитани на врвот на културата на исхраната. Воспитани се со куп погрешни информации за здрав однос со храната, а величината на телото се коментирала без влакна на јазикот.

Денес знаеме дека преголемото ограничување и контролирање на храната всушност предизвикува повеќе проблеми кај децата.

Нема потреба да се згрозуваме кога денешните родители избираат како ќе ги хранат своите деца и ќе разговараат за нивните тела.

Да, интернетот е страшно место

Денешните родители разбираат. Да, тоа е новиот Див Запад.

Денешните родители беа меѓу првите кои ја испробуваа привлечноста на интернетот и виртуелните простории за разговор, каде се случуваа секакви работи.

И да, тие знаат по нешто за тоа колку интернетот може да биде несигурен.

Тие се свесни за фактот дека денешните баби и дедовци се загрижени за нивните внуци на интернет – и тие се загрижени. Но, даваат се од себе.

Денешните родители навистина обрнуваат внимание, бараат алатки за откривање на несигурноста, разговараат со своите деца за тоа и го прават најдоброто што можат во денешни услови. Прекумерната паника исто така не е добра.

Различно не значи отфрлање
На крајот, она што денешните родители би им го кажале на своите родители е ова: само затоа што правиме нешто поинаку, не значи дека го правиме погрешно, ниту значи дека ги отфрламе вашите начини.

Има многу работи на кои можете да не научите.

Повеќе