Овие шест работи можат да ја уништат врската или бракот

Психотерапевтката Маја Ушиоко неодамна на Инстаграм сподели неколку работи кои можат сериозно да ги нарушат односите во врската или бракот

63

Отворената комуникација, меѓусебното разбирање и свесноста за сопствените чувства се клучни во здравите односи.

Но, што се случува кога некои од основните аспекти на емоционалната поврзаност се занемарени? Психотерапевтката Маја Ушиоко неодамна сподели на Инстаграм неколку работи кои можат сериозно да ги нарушат односите во врската или бракот.

Еве на што предупредува таа.

Игнорирање на нерешени трауми од минатото.
Неможност да се изразат чувствата.
Несвесност за емоционалните тригери.
Менталитетот „биди повеќе како мене“.
Недостаток на самосвест и одговорност.
Фокусирање на грижата исклучиво на партнерот, притоа запоставувајќи се себеси, сопствените потреби и цели.

Препознавањето на овие обрасци и работењето за нивно решавање е клучно за успешна врска бидејќи, со свесност и напор, можеме да изградиме стабилна и исполнета врска.

Повеќе