„Пак ќе ми порасне!“ Момче од Неготино ќе ја донира косата што ја растело 7 години за деца болни од рак

Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне, вели Стојановски. 

232

Момче од Неготино ја растело косата седум години и сега ја донира за од неа да се направи перика за деца болни од рак. Станува збор за 11 – годишниот Марио Стојановски кој е среќен што може да израдува некое дете и да му помогне во моментите на борба со болеста. 

„Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне“, вели момчето. 

Неговите родители се среќни затоа што нивниот син донел една ваква хумана одлука и заеднички со него, им посакуваат здравје, љубов и среќа за сите луѓе во светот. 

Марио Стојановски е ученик во основното училиште  ,,Страшо Пинџур” во Неготино.

Фото : ,,Бубо”  Неготино


 

Повеќе