Поради грандиозните уверувања за себе, децата може да имаат изливи на гнев

Во случаи кога не им се допаѓа она што го слушаат – децата можат да реагираат со изливи на гнев и агресија…

135

Кога ќе му кажете на вашето дете: „Ти си гениј за математика“ или „Ти си најубавото девојче на светот“, може да помогне на краток рок. Кога ќе има пет години, може да верува дека е вистина. Но, во одреден момент, ќе почне да сфаќа дека остатокот од светот не се согласува со тоа уверување.

Ако порасне слушајќи дека е најдобриот кошаркар на светот, а сепак не влезе во училишниот тим, ќе мора некако да сфати зошто тие две работи не се совпаѓаат. Наместо да заклучат дека вашите изјави се неточни, тие попрво ќе одлучат дека другите луѓе не го препознаваат вистинскиот талент кога ќе го видат.

Детето може да си каже: „Не ме одбраа за тимот затоа што тренерот е глуп“ или: „Другите деца беа избрани за тимот само затоа што тренерот ги сожалува“.

Студија на Универзитетот во Флорида од 2012 година покажала дека децата кои се чувствуваат како сосема посебни стануваат агресивни кога се соочуваат со критики. Тешко им е да ги слушнат зборовите кои не сакаат и склони се на изливи на гнев и обвинување на другите.

(Извадок од книгата „13 правила на ментално силните родители“ – Ејми Морин)

Повеќе