Преголемата родителска грижа е најголем непријател на детето

Познатиот руски психијатар и психотерапевт Михаил Литвак вели дека понекогаш најблиските луѓе можат да ни бидат најголеми непријатели, иако тоа воопшто не го забележуваат.

381

Како членовите на семејството стануваат наши непријатели? Ова прашање често си го поставуваме, а рускиот психијатар и психотерапевт Михаил Литвак го има вистинскиот одговор.

Познатиот руски психијатар и психотерапевт Михаил Литвак вели дека понекогаш најблиските луѓе можат да ни бидат најголеми непријатели, иако тоа воопшто не го забележуваат. Имено, поради преголемата грижа, тие можат да постават граници на нашиот понатамошен развој и напредок, кои многу тешко се надминуваат. Тој верува дека некои ставови можат да не блокираат уште од мали нозе.

„Често грижливите членови на семејството повеќе му штетат на човекот отколку директните непријатели. Го блокираат неговиот развој, правејќи го за него она што тој треба да го направи за себе“, вели психологот Михаил Литвак, автор на добро познатото дело „Психолошко аикидо“.

Овие зборови на рускиот експерт звучат многу сурово, но всушност претставуваат вистина која секој од нас треба добро да ја проучи. Најчесто се случува некој од семејството да ве „саботира“ на некој начин со најдобра намера, а да не е свесен дека тоа што го прави воопшто не е добро за вас.

Како да се изборите со членовите на семејството, кога вашите желби и цели се разминуваат?

Родителите, бабите, дедовците, постарите браќа често го попречуваат развојот на децата, бидејќи се обидуваат да го вклопат малото дете или тинејџерот во модел на однесување што им одговара. Послушните деца нема да протестираат, ќе го прифатат наметнатиот начин на живот и ќе прават се што ќе им кажат, но таквите луѓе никогаш не можат да бидат лидери. Кога ќе пораснат, нема да можат да се снаоѓаат сами и другите ќе можат многу лесно да влијаат на нив. Па, како тогаш да си ја најдат среќата?

Меѓутоа, ако детето се обиде да се избори за своето мислење, наидува на отпор од родителите и на тој начин тие стануваат негови најголеми блокатори во развојот. Со ваквите постапки тие ги попречуваат кај своите деца развојот, радоста и позитивните емоции.

Една од најтоксичните работи е лагата

Родителите никогаш не треба да го лажат своето дете, без разлика каква е ситуацијата, затоа што кажувањето лага создава голема конфузија во главата. Тоа е она што го збунува детето, го спречува да расте и напредува – се создава атмосфера на неискреност и детето влегува во состојба на измама која може да го следи во текот на целиот живот.

Лажна самодоверба

Кога детето ќе направи нешто погрешно, а вие му велите „тоа е добро, не се мачи повеќе“ – всушност му давате лажна самодоверба. Детето ќе биде убедено дека не мора повеќе да се труди, а кога ќе се соочи со пораз ќе биде разочарано. Подеднакво е опасно ако правите сѐ за детето, му ја крадете самостојноста и ги намалувате неговите способности.

Повеќе