Премногу деца користат токсична шминка: Здравствените експерти тврдат дека и таа што е наменета за нив, не е безопасна

Алармантно е тоа што е дозволено да се продаваат шминка и козметички производи наменети за деца, кои содржат високо токсични хемикалии“, предупредува Лакендра Барахас од организацијата Earth Justice.

288


Таканаречената шминка за деца не е толку безопасна како што тврдат компаниите за маркетинг, потврди новото истражување. Истражувачите од Универзитетот Колумбија и непрофитната организација Earth Justice предупредуваат дека овие производи не се безбедни за употреба и може да содржат токсични хемикалии како тешки метали кои можат да имаат сериозни несакани ефекти и да бидат многу штетни за здравјето на децата.

Тим истражувачи ги анализирале резултатите на повеќе од 200 испитаници, меѓу кои дури 79 отсто од родителите потврдиле дека нивните деца до 12 години користат таканаречена детска шминка. Станува збор за производи кои се наменети за игра, а вклучуваат сјаеви за усни и бои за лице, односно руменила и сенки за очи, пишува The New York Post.

Студијата објавена во International Journal of Environmental Research and Public Health сугерира дека 54 отсто од децата ги користат овие производи еднаш месечно, додека 12 отсто ги користат секојдневно.

„Децата се особено чувствителни и подложни на ризици, особено на оние поврзани со хемиски состојки кои се наоѓаат во шминката и боите за коса“, вели д-р Џули Хербсман, професорка на Универзитетот Колумбија и една од авторките на студијата. Таа објаснува дека физичката структура, забрзаниот раст и развој на ткивата и органите и неразвиениот имунолошки систем ги изложуваат децата на екстремен ризик од оштетување предизвикано од опасните токсини.

Алармантно е тоа што е дозволено да се продаваат шминка и козметички производи наменети за деца, кои содржат високо токсични хемикалии“, предупредува Лакендра Барахас од организацијата Earth Justice.

Државата Њујорк ги заострила законите за состојките што се користат во производите за убавина и ќе ја забрани продажбата на производи што содржат жива почнувајќи од 1 јуни. Живата е поврзана со голем број сериозни болести, вклучувајќи одредени видови на рак, проблеми со респираторниот систем и бубрезите, губење на одредени сетила, па дури и смрт.

Повеќе