Придобивки од тиквата во бременоста: Одлична е за мајката, ама и за развојот на фетусот

Бета-каротенот од тиквата придонесува за развој на срцето, белите дробови, коските, очите, бубрезите, нервите и циркулаторниот систем на фетусот. Тиквата е богата со антиоксиданти и го зајакнува имунитетот на мајката и на плодот и ги штити од инфекции, а железото ја спречува анемијата, го транспортира кислородот до фетусот и ја намалува веројатноста од предвремено раѓање. Калиумот и магнезиумот се важни за одржување на нормален крвен притисок кај трудниците.

203

Некогаш, тиквата била важен извор на храна за Индијанците. Се верува дека е донесена во Европа од Колумбо, каде што првично се користела како добиточна храна, бидејќи луѓето не биле свесни за нејзините бројни нутритивни придобивки. Денес, тиквата се наоѓа во многу врвни јадења бидејќи е вкусна, лесно сварлива и нутритивно богата намирница.

Состав и хранливост на тиквата

Бојата на тиквата укажува дека оваа намирница е богат извор на бета-каротен. Бета каротенот е моќен антиоксидант кој го штити организмот од ефектите на слободните радикали и го зајакнува имунитетот. Заедно со него има и витамини Ц, Е, К, Б1, Б2, Б3, Б6, фолна киселина и минерали калиум, фосфор, калциум, магнезиум и железо.

Тиквата е идеална храна за луѓето кои страдаат од стомачни и цревни заболувања. Таа е добар лаксатив, помага при запек и воспаление на дебелото црево. Исто така, е и диуретик, поради што се препорачува за лица со артритис и гихт.

Бидејќи е богата со каротеноиди, го штити здравјето на очите. Нискокалорична е, но во исто време и заситувачка, поради што е идеална храна за слабеење.

Придобивките на тиквата во бременоста

Тиквата содржи многу хранливи материи кои се важни за време на бременоста. Тиквата може да ги спречи грчевите кои се појавуваат во стомакот за време на бременоста. Бета-каротенот придонесува за развој на срцето, белите дробови, коските, очите, бубрезите, нервите и циркулаторниот систем на фетусот. Богата е со антиоксиданти, а го зајакнува имунитетот на мајката и на плодот и ги штити од инфекции. Железото ја спречува анемијата, го транспортира кислородот до фетусот и ја намалува веројатноста од предвремено раѓање. Калиумот и магнезиумот се важни за одржување на нормален крвен притисок кај трудниците.

За трудници се препорачливи и семките

Исчистените семки од тиква се меѓу дозволените, дури и пожелни „грицки“ за време на бременоста. Исклучително се богати со протеини, како и со многу витамини и минерали, од кои особено се издвојуваат железото и цинкот. Сто грама семки содржат 11,2 милиграми железо, што ги вбројува меѓу најбогатите извори на овој минерал. Точно е дека железото од растителната храна потешко се апсорбира, но со доволна количина на витамин Ц ќе се подобри неговото искористување.

Покрај семките од лен, семките од тиква се на второ место по количина на омега-3 масни киселини кога станува збор за растителна храна. Завидната количина на цинк во семките од тиква е уште една причина што ги става на листата на пожелни намирници за време на бременоста. Цинкот е многу важен за функционирањето на ензимите, за синтезата на протеините, создавањето на инсулин и развојот на репродуктивните органи и имунолошкиот систем. Истражувањата покажаа дека жените кои консумираат доволно количество цинк (15 милиграми дневно) раѓаат деца со поголема телесна тежина.

Повеќе