Психолог предупредува на два знаци кои покажуваат дека нешто не е во ред со детето

Станува збор за два сосема спротивни обрасци на однесување кои можат да бидат показатели за тоа дека нешто не е во ред со детето.

243

Детскиот психолог Сем Вас споделил со британски Мирор два предупредувачки знаци кои суптилно можат да им откријат на родителите дека нешто не е во ред со нивното дете. Како што објаснил, секое дете е различно и се справува со емоциите на свој начин, поради што понекогаш е тешко да се забележат проблемите.

„Иако секое дете е специфично, ние психолозите тежнееме да категоризираме што не е во ред со детето на два различни начини. Првиот е нешто што во струката го нарекуваме екстернализирачко однесување, а се појавува кога детето се чувствува лошо, а потоа го изразува тоа со одредени агресивни гестови. Така детето често ќе го удира братот или сестрата, ќе крши работи и слично“, објаснил тој.

Тој додава дека има уште еден, сосема поинаков знак дека нешто не е во ред со детето. Ова е таканареченото интернализирачко однесување, за кое е специфично прикривањето и задржувањето на чувствата во себе.

„Интернализацијата е всушност сосема спротивен образец. Таквото дете нема да покаже дека има проблеми, туку истите тие проблеми ќе ги закопа во себе“, предупредува Вас и тврди дека родителите најлесно ќе го препознаат ваквото однесување ако детето одеднаш почне да го избегнува разговорот, да се повлекува во себе или помалку да јаде.

Повеќе