Жена со двојна матка се породила двапати за два дена

Келси на 17-годишна возраст дознала дека има двојна матка, што е ретка вродена аномалија која погодува 0,3 отсто од жените. Шансите за бременост и во двете матки, или за дикавитарна бременост, биле уште помали – „една во милион“.

140

Американка со ретка двојна матка се породила два пати за два дена после исклучително ретка бременост и вкупно 20 часа породување. Келси Хачер (32) родила една ќерка, а следниот ден ја родила и другата, во болницата на Универзитетот Алабама во Бирмингем (UAB)

Објавувајќи го доаѓањето на своите „чудесни бебиња“ на социјалните мрежи, мајката ги пофали лекарите како „неверојатни“. Девојчињата се опишани како двојајчани близначки со ретки одвоени родендени.

Акушерка од болницата потврди дека сите се добро и изјави за Би-Би-Си дека тоа е случај што повеќето луѓе во нејзината професија никогаш не го виделе.

Шансите за бременост во двете матки биле една на милион
Келси на 17-годишна возраст дознала дека има двојна матка, која UAB ја опиша како ретка вродена аномалија која погодува 0,3 отсто од жените. Шансите за бременост и во двете матки, или за дикавитарна бременост, биле уште помали – „еден во милион“.

„Да се ​​има двојна матка е ретко, а забременувањето и во двете во исто време е уште поретко“, велат лекарите.

Пријавените случаи во светот се исклучително ретки. Во 2019 година, лекар од Бангладеш изјавил за Би-Би-Си дека една жена родила близнаци речиси еден месец откако родила предвремено родено бебе.

Повеќе