Седнете со вашите деца пред компјутер и помогнете им на тие што немаат: Вашето малку за некого е многу

Направете повеќе и помогнете им на социјално загрозените семејства со донирање намирници преку Paket.mk кои заедно со здружението Вистински дела на Љубезност, се главни соработници на првата платформа за е-донација на храна и санитарни производи.

170

Платформата „Направи повеќе“ и Paket.mk започнаа донаторска акција за да им се помогне на социјално загрозени семејства да добијат намирници за време на новогодишните празници.

Box2Help е првиот проект на непрофитната организација „Направи повеќе“, основана од млади алтруисти кои се борат за драстични промени во општеството. Проектот има за цел да го намали бројот на гладни семејства во нашето општество со олеснување на процесот на донација.

Тие ја претставија првата платформа за електронска донација на храна и санитарни производи директно до домот на семејствата на кои им е потребна помош.

Имено, проектот „Направи повеќе” е направен со цел да се помогне на оние семејства кои немаат доволно средства да си набават намирници за исхрана и хигиена. Преку принцип на донирање со дигитална, брза и транспарентна донација на интернет страницата https://domoremk.com може да се избере семејство за донација и да се пријави семејство кое има потреба од помош. Донациите се вршат преку донирање средства со кои ќе се обезбедат потребните намирници преку Paket.mk.

„Со нашето малку можеме да овозможиме нечие многу. Ова е девизата од којашто се водевме за партнерството со „Направи повеќе“. Идејата е на лесен начин секој да може да донира намирници користејќи ја платформата на онлајн супермаркетот Paket.mk. Како најголема платформа во Македонија сметаме дека може да помогнеме на многу семејства и ги повикуваме граѓаните да помогнат да собереме што повеќе намирници и да помогнеме онаму каде навистина треба помош“, изјави Драган Јосифовски, од Paket.mk.

Ве покануваме да бидете дел од иднината во која сите се хумани. 

Сега можете да седнете пред компјутер и заедно со своите деца дигитално, брзо и транспарентно да му помогнете на некое семејство со тоа што ќе донирате пакет со храна и санитарни производи кои ќе ги изберете сами.

Поточно, ќе може да изберете пакети во кои се содржани производи од „Paket.mk“, еден од најголемите интернет супермаркети кај нас и тие ќе им бидат доставени на семејства чии приказни се темелно проверени како веродостојни од здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци „Вистински дела на Љубезност”.

Вашата донација ќе биде доставена до домот на семејството за кое се донира, а вашите деца ќе научат лекција за алтруизам. 

Како може да се донира?

1.Одете на страната: domoremk.com

2.Одберете семејство на кое сакате да му донирате пакет со храна и санитарни производи

3.Одберете еден од трите пакети за донација

4.Кликнете на копчето донирај

5.Ќе бидете пренасочени на наредната страна на која можете да оставите ваши информации и каде ќе ја финализирате донацијата.

Повеќе